Емитер 4/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Сончевиот систем во себе крие неколку тајни, за кои нема објаснувања во актуелниот модел за неговата историја. Но, во најново време, една екипа астрофизичари од Италија излегоа со радикално нов модел за најраната историја на Сончевиот систем, модел, во кој клучен фактор за разрешување на тие енигми е "миграцијата" на двете гигантски планети Јупитер и Сатурн.
Актуелното сценарио за раѓањето на Сончевиот систем не дава објаснувања за 6 големи енигми кои постојат во конфигурацијата на неговиот планетски состав. Тие се следните:
1. Зошто, за разлика од другите небески тела, површината на Месечината е токлу густо посеана со кратери?
2. Зошто Марс е толку мал во споредба со Земјата и Венера, ако, за разлика од Меркур, тој е формиран во регион со доволно количество "градежен" материјал за поголема планета?
3. Како орбитите на планетите станале елипси, кога законите на механиката дозволуваат планетите да се формираат во кружни орбити?
4. Како во астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер се нашле помешани два различни типа астероиди, едниот тотално безводен (сув), другиот богат со замрзната вода?
5. Како се формирале двете групи астероиди, т.н. "Тројанци", кои, заедно со Јупитер орбитираат околу Сонцето како троен систем?
6. Како гасовитите гиганти Јупитер и Сатурн, можеле да се формираат побргу отколку "карпестите" планети?
Околу овие енигми планетолозите дебатирале цели 30-ина години без некаков резултат.
Решението за наведените енигми започна да се покажува во 2005 година кога една италијанска екипа астрофизичари, под водство на Алесандро Морбидели (Alessandro Morbidelli), излегоа со т.н. “Модел од Ница“. Овој модел ги следи случувањата во Сончевиот систем во периодот од околу 700 милиони години по неговото “раѓање“ и разрешува 3 од 6-те наведени енигми. Па, да ги проследием по ред!
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.