Електроника

Поседувате или работите во тонско студио, продукциска куќа, радио или ТВ-станица? Во тој случај, секако дека ви е потребен засилувач за слушалки со можност на него да се приклучат повеќе пара слушалки. Проектот што го нудиме во овој напис е токму она што ви треба. Тој содржи четири независни стереозасилувачи со сопствена регулација на јачината, со што се овозможува секој од слушателите да го нагоди нивото на звукот според сопствените потреби.


Автомобилска техника

Како и за сè останато, така и за автомобилите важи правилото дека доколку редовно не се користат подложни се на компликации предизвикани единствено од факторот пасивност кој е погодно тло за интензивен развој на разни моќни и непожелни процеси како: корозија, сушење на еластичните медиуми, упропастување на акумулаторот, појава на скрама на електричните контакти итн.


Информатика

По неколку одложувања, конечно пред нас се долгоочекуваните Intel процесори изработени во 22-нанометарска технологија. Со драстично подобрени графички перформанси, дотерани и "испеглани" до максимум, јасно говорат дека Intel уште долго ќе доминира на полето на процесорите.


Металство и машинство

Мошне често при купување бургија, продавачот ќе ни понуди еден куп бургии различни според цена и боја, на пример црни, златни, сребрени,виолетови и други нијанси. Во овој напис прво ќе се задржиме на основните параметри кои се карактеристични за секоја спирална бургија, а потоа ќе ги опишеме и материјалите од кои се изработуваат спиралните бургии.


Електроника

Во претходните продолженија во груби црти ги дефиниравме можностите на LTspice и ја научивме основната синтакса за цртање на електрични шеми со него. Во ова продолжение ќе направиме увид на можностите на неговиот модул за симулација преку дефинирање на основниот шаблон за негова употреба.


Електротехника

Бојлерот, како и сите уреди кои се употребуваат во домаќинството, а и пошироко, имаат потреба од превентивно или од тековно одржување. Како главна електрична компонента во составот на бојлерот е неговиот електричен грејач. Тој по одреден временски период на употреба треба да се исчисти или, ако е потребно, да се замени со нов. Како се прави сето тоа читателите ќе имаат можност да се запознаат од написов што следува.


Аеронаутика

Наспроти евидентните тешкотии од конструктивен, производствен и експлоатациски аспект, крилото со променлив агол на стрелата наназад било компромисно решение за аеродинамиката на авионот во подзвучна, низзвучна и надзвучна област на брзините. Во еден период на развојот на воздухопловството се чинело дека овој концепт ќе има подолготрајна перспектива. Во тој период се направени познатите авиони, како: МиГ-23, Су-24, F-14 Tomcat, Tornado итн.


Астрономија и астронаутика

Сончевиот систем во себе крие неколку тајни, за кои нема објаснувања во актуелниот модел за неговата историја. Но, во најново време, една екипа астрофизичари од Италија излегоа со радикално нов модел за најраната историја на Сончевиот систем, модел, во кој клучен фактор за разрешување на тие енигми е "миграцијата" на двете гигантски планети Јупитер и Сатурн.


Електроника

Со развојот на електрониката, кога голем број уреди во автомобилот се заменети со електронски како мерачи на бројот на вртежи, брзинометарот, а да не зборуваме за воведувањето на GPS-навигацијата. Заменети се и електромеханичките регулатори на напон со електронски. Предностите кои ги нудат електронските регулатори се предуслов за нивната импликација во сите нови моторни возила, како и нивна замена со уреди "од нашата работилница", ако поседуваме постаро возило.


Електроника

Генераторот на сигнал со синусен бранов облик претставува транзисторски осцилатор со индуктивна повратна врска. Наменет е за употреба како сигнал – генератор при поправка на НФ-засилувачи на моќност. Неговата стабилност на фреквенцијата, чистината на сигналот без примеси од хармоници и малите изобличувања ја оправдуваат неговата изработка и примената во секоја посериозна сервисна и експриментална работилница по електроника.


Макетарство и моделарство

Моите првите модели беа изработени од хартија. Изборот беше мал и главно од библиотеката на воздухоплови од тогашна Југославија. Сè уште се сеќавам на жолтите модели од хартија на макети едрилици и нивната значајна улога во донесување одлука за моето идно хоби. Пред неколку години се сетив на моите почетоци, па на моите ученици се обидов да им ја пренесам вештината на градба на воздухопловни модели од хартија и успехот не изостана.


Астрономија и астронаутика

Денес астрономите сметаат дека, во центарот на речиси секоја галаксија, се наоѓа супермасивна црна дупка. Набљудувањата наметнуваат дека постои директна поврзаност меѓу масата на таа црна дупка и вкупната маса на средишниот регион на галаксијата, најгусто населен со ѕвезди. Парадокс: тие црни дупки можат да бидат најсилни светлински извори во универзумот!


Медицина

Сите видови на ешерихија коли се специфични за околината во која се развиле и можат лесно да се утврдат од кој вид се, но видовите можат да се променат со мутација и тоа по природен или на вештачки начин во лабораторија. Повеќето видови на оваа бактерија се безопасни, па дури и полезни бидејќи тие го произведуваат витаминот К и го штитат дигестивниот систем од други отровни бактерии кои можат да се најдат во него. Тогаш што се случи минатото лето во Германија?


Информатика

iPad 3 е третото продолжение од сагата наречена iPad, уред кој по iPhone 4S е еден од најочекуваните уреди на пазарот на мобилни уреди. Сега тој доаѓа со нов и побрз процесор, подобра графичка картичка, нов и одличен дисплеј, но и со доста повисока цена во однос на другите конкуренти. Дали овие особини се доволни за да "оди како алва" на пазарот или народот има и други барања – читајте понатаму за да дознаете.


Автомобилска техника

Нема сомнеж дека иднината на автомобилите е во електричниот погон, особено поради фактот дека светските резерви на гориво полека, но сигурно ги снемува. Затоа, како еден од врвните светски производители на автомобили, денес ќе го разгледаме најновиот спортски модел на BMW наречен едноставно i8 Spyder.


Физика

Минатиот месец по втор пат се додели наградата "Најмлад научник", признание востановено минатата година од Претседателот на Републиката, д-р Ѓорге Иванов. Оваа година со признанието се закити м-р Трифче Сандев, автор на значајни научни трудови објавени во меѓународни научни списанија. Направивме кратко интервју со м-р Сандев, во кое го замоливме да ни даде повеќе детали околу неговата научна работа.


Електроника

Од сите електрични апарати што ги имате во својот дом, телефонот е еден од наједноставните за приклучување. Телефонската врска до вашиот дом не се менува речиси цел век, што значи, ако имате старински телефон, кој сега е антиквитет, тој може сè уште добро да функционира.


Телекомуникации

Минатиот месец заврши најголемиот светски настан на мобилната индустрија. Четирите дена од конгресот во Барселона поминаа во знакот на технолошките иновации, новите мобилни уреди, како и новите трендови и предизвици на телеком-операторите.


Омнибус

Во текот на 2012 година, 3Д технологиите стануваат сè подостапни и со подобар квалитет. Задоволство ни е да ви ги претставиме најновите производи и технологии со 3Д и интернет-функционалности. Новите производи ги поттикнуваат творечките умеења и способности на секој од нас и ја прават забавата во домашната средина уште повозбудлива. Најактуелната понуда за сезоната 2012 веќе имаме можност да ја споделиме со вас во нашите продажни салони.


Информатика

Во овој број ви претставуваме три корисни аудиоапликации. Секоја од нив покрива различни сегменти. Првите две се наменети за аудиофилите – едната е наменета за претворање на датотеки од еден во друг формат, додека другата е за организирање на музичките датотеки во една единствена прегледна дигитална музичка колекција. Последната програма е наменета за оние, малку покреативните, кои се бават со создавање музика, било да се дизајнери на звук, диџеи или, едноставно, хоби-музичари.


Аудио и видеотехника

На NAB2012 во Лас Вегас, компанијата FOR-A – лидер во производство на видео и аудиосистеми за бродкаст и професионална опрема, ќе се претстави со HVS-390HS од последната линија на компактни, квалитетни, но не многу скапи видео-свичери. Во овој текст ќе стане збор за можностите на овој видео-свичер, а за сè она што ќе се случи на NAB2012 и за производите кои ќе бидат прикажани и наградени, ќе прочитате во наредните броеви на ЕМИТЕР.


Роботика

Вака беше отворен настанот РобоМАК 2012, кој од 19 до 25 февруари се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје (ФЕИТ), трета година по ред. РобоМАК е меѓународен натпревар во роботика кој е организиран од IEEE Студентскиот огранок во Македонија заедно со студентската организација EESTEC LC Скопје.


Електротехника

Циркуларната пила е незаменлива алатка при сечењето на производи од дрво (даски, летви, иверка, оплеменета иверка, ламинат, панел-плочи и друго) и е наменета за правење прави и прецизни резови. Доколку поставувате под или ламинат, изработувате и монтирате мебел или правите дрвени конструкции, циркуларната пила е неопходна алатка.


Аудио и видеотехника

Македонските професионалци неодамна имаа можност "од прва рака" да се запознаат со некои од најновите и најпопуларни модели на Panasonic од палетата на производи за професионална видеопродукција и бродкастинг. Во овој напис накратко ќе ви пренесеме дел од впечатоците кои ги добивме при непосредната демонстрација од страна на јапонските продукт-менаџери на Панасоник но и она што сами го видовме, го почувствуваме и го искусивме при нашето тестирање и ракување со презентираните производи.


Информатика

Како што се очекуваше, Nvidia повторно ја презеде лидерската позиција во high-end сегментот. GeForce GTX 680 носи низа новини, и слободно можеме да констатираме дека пред нас е FERMI архитектурата каква што требаше да изгледа од самиот почеток.


Електроника

Во овој дел од рубриката електроника во кратки црти ви презентираме нови компоненти и настани од светот на електрониката. Се надеваме дека следејќи ги актуелностите од оваа област ќе успееме да ве приближиме кон новите трендови во електрониката, а со тоа ќе добиете и поцеловит увид во производството на "главните играчи" во оваа област со постојан подем.


Омнибус

Samsung Galaxy III – трето продолжение;
VAIO – 3D лаптоп на Sony;
Наука на дланка;
Нова генерација wireless 3D монитори;
Нова мерцедес А-класа;
Првите животни облици на Земјата;
HP ProLiant GEN8 пристигна и кај нас;
Најдоверлив автомобил;
Протонски ласер кој директно го уништува туморот;
Зајакнете го својот имунитет;
Volkswagen UP! – "Светски автомобил на годината за 2012";
Планети – скитници;


Писма
Реакција на текстот "HHO генератор на лаги"
Мојот HHO генератор штеди 40% гориво!!!