Рубрика: Електроника
Студиски засилувач за слушалки
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Поседувате или работите во тонско студио, продукциска куќа, радио или ТВ-станица? Во тој случај, секако дека ви е потребен засилувач за слушалки со можност на него да се приклучат повеќе пара слушалки. Проектот што го нудиме во овој напис е токму она што ви треба. Тој содржи четири независни стереозасилувачи со сопствена регулација на јачината, со што се овозможува секој од слушателите да го нагоди нивото на звукот според сопствените потреби. Исто така, на секој од четирите излези можат да се приклучат до 4 пара слушалки, што значи дека овој засилувач може да напојува вкупно 16 пара слушалки, што би требало да ги задоволи речиси сите потреби.

Во секое студио, било да станува збор за продукција/снимање на аудио и видео или, пак, за емитување радио и ТВ-програма во живо, често се јавува потреба за едновремено слушање на аудиосигналот од страна на повеќе учесници во тој процес. Во многу студија тоа е решено така што е употребен еден аудиозасилувач со средна моќност (вообичаено 2 x 10-50 W), на чиј излез (преку сериски отпорник) е приклучена разводна кутија со повеќе паралелно поврзани конектори за слушалки. На овој начин можат да се приклучат неколку десетици слушалки, но сепак ова е далеку од добро решение. Имено, регулацијата на јачината е една и заедничка за сите слушалки, а секој од учесниците во студиото има сопствен став кон потребната јачина на репродукција. Дополнителен проблем е тоа што ретко кое студио поседува повеќе парови од ист модел слушалки, па така различните модели на слушалки имаат различна осетливост и импеданса, што резултира со различно ниво на репродукција. Очигледно, решението на сите овие проблеми е ако за секој пар слушалки обезбедиме посебен мал засилувач со своја регулација на јачината, со цел секој учесник во снимањето/програмата да може индивидуално да си го нагоди саканото ниво на репродукција. Но ваквото идеално решение е скапо, па затоа во пракстиката се применува компромисно решение – најчесто тоа е уред со 4 до 8 стереозасилувачи за слушалки, при што секој излез е предвиден за приклучување на 2 до 4 пара слушалки. Ваквите комерцијално достапни студиски засилувачи за слушалки имаат цена од 50, па до 500 евра и повеќе, зависно од бројот на канали и од квалитетот. Купувањето готов уред е опција број 1 за повеќемина, но не и за нас – домашните мајстори (емитерџии). Заштедата е еден од мотивите, а другиот и поважниот е креативното задоволството што може да го даде само сопствено направениот уред. Токму затоа ви го нудиме овој проект за самоградба.

Технички карактеристики:

Конфигурација: стереозасилувач за слушалки со 4 независни излези
Оптоварување: максимум 4 пара слушалки од 32 Ω на секој излез
Напојување: мрежен AC/DC адаптер за 12-15 V / 1000 mA
Излезна моќност: 240 mW / 32 Ω; 440 mW / 8 Ω 
Осетливост: 0 dBu (775 mV)
Фреквенциски опсег: 26 Hz - 22 kHz (на 32 Ω); 46 Hz - 22 kHz (на 8 Ω)
Изобличувања: 0,12% (при -10 dBV / 32 Ω); 0,22% (при -10 dBV / 8 Ω)

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1212
Печатена плочка: MASK121

ИК: TDA2822M

Клучни зборови:

Засилувачот за повеќе слушалки е неопходна алатка во секое студио

Поглед во внатрешноста

Поглед во внатрешноста

Поглед во внатрешноста

Поглед на предната страна на студискиот засилувач за слушалки

Измерена амплитудно-фреквенциска карактеристика на студискиот засилувач за слушалки

Измерен спектар за изобличувањата на студискиот засилувач за слушалки при оптоварување од 8 оми

Измерен спектар за изобличувањата на студискиот засилувач за слушалки при оптоварување од 32 оми


Студискиот засилувач за слушалки во изведба на Александар Андоновски од Скопје

Студискиот засилувач за слушалки во изведба на Александар Андоновски од Скопје

Елементите сместени и залемени на ППК – засилувачот на Александар Андоновски пред сместување во кутија

Елементите сместени и залемени на ППК – засилувачот на Александар Андоновски пред сместување во кутија

Ожичување и сместување на засилувачот во кутија – проектот во изведба на Александар Андоновски

Ожичување и сместување на засилувачот во кутија – проектот во изведба на Александар Андоновски

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.