Рубрика: Медицина
Ешерихија коли
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сите видови на ешерихија коли се специфични за околината во која се развиле и можат лесно да се утврдат од кој вид се, но видовите можат да се променат со мутација и тоа по природен или на вештачки начин во лабораторија. Повеќето видови на оваа бактерија се безопасни, па дури и полезни бидејќи тие го произведуваат витаминот К и го штитат дигестивниот систем од други отровни бактерии кои можат да се најдат во него. Тогаш што се случи минатото лето во Германија? За што всушност станува збор, но и како да се заштитите и како да се излечите од неа?

Ешерихија коли е бактерија која ја има во неколку видови и подвидови. Една од тие видови живее во долниот дел на стомакот на топлокрвните животни, кај птиците и кај луѓето. Повеќето видови на оваа бактерија се безопасни, па дури и полезни бидејќи тие го произведуваат витаминот К и го šштитат желудникот од други отровни бактерии кои можат да се најдат во него. Но, факт е дека неколку видови на оваа бактерија се штетни, дури и опасни и можат да бидат смртоносни. Такви се O157:H7 или O111:B4 (неодамна најдена во цели полиња засадени со спанаќ во Америка, како и 0104:H4 која минатото лето сееше страв низ Европа). Стравот, за жал, е и резултат и на големото незнаење кај луѓето кога е во прашање оваа бактерија.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.