Рубрика: Медицина
Виртуелна колоноскопија
Автор: Влатко Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Виртуелната колоноскопија е дијагностичка постапка на разгледување и испитување на внатрешноста на дебелото црево, со т.н. патување низ него. Виртуелната колоноскопија е можна со користење на најновите МДКТ-системи, кои користат рентгенски зраци и компјутер за создавање 2Д и 3Д-слики. Таа е метод на медицински предизвик и е исклучиво дијагностички, користен за откривање на патолошки состојби на дебелото црево, со особена вредност во дијагностика на полипи, дивертикули и малигни промени.

Ракот на дебелото црево е една од најсмртоносните малигни заболувања во светот и често е без симптоми во својата рана фаза. Затоа лекарите им препорачуваат на сите луѓе од својата 50-та година да прават рутинска колоноскопија со цел, евентуално, да се открие ракот на дебелото црево во неговата почетна фаза. Но, напредокот на науката и технологијата носи нови иновации. Во последниве години сè почесто се говори за виртуелната колоноскопија, метода која е помалку инвазивна, попрецизна и поисплатлива од класичната колоноскопија.
КТ-колонографијата, односно 3Д-виртуелната колоноскопија е најнов метод на неинвазивен преглед на дебелото црево со користење рентгенски зраци. Таа е компјутерски генерирана постпроцесна техника со чија помош се добиваат ендолуминални слики од внатрешноста на дебелото црево со одличен квалитет и претставува вистинска симулација и замена на оптичката колоноскопија.

Клучни зборови:

Слика што се добива при виртуелна колоноскопија.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.