Електроника

Самоградба на радиопредавател, особено на ултракратки бранови е голем предизвик за секој електроничар. Пред 20-30 години овој предизвик беше уште потежок затоа што за некоја основна конструкција беа потребни повеќе транзистори и интегрирани кола, со неизбежните калеми меѓу нив. Благодарејќи на развојот на специјализирани интегрирани кола конструкцијата и самоградбата на радиопредавател денес е многу поедноставена, за што потврда е и овој проект. 


Електроника

Во второво продолжение од проектот за single-ended засилувач со PCL86 ќе употребиме негативна повратна врска за да добиеме драматично подобрување на перформансите: широк фреквенциски опсег и мали хармонички изобличувања. Притоа, се задржува милозвучната распределба на хармониците, својствена за добрите засилувачи со ламби – монотоно опаѓање на нивото на хармониците од вториот до шестиот и отсуство на повисоки хармоници.


Енергетика

Енергијата во каква било форма е најзначајниот фактор во животот на човекот. Без енергија, нема живот. Во денешно време, кога човештвото доживува енормен и брз развој, модерното општество уште помалку може да се замисли без енергетските системи кои, што ни ги обезбедуваат сите функционалности. Од самата енергија како физички феномен потекнува и значајноста за нејзино правилно и ефикасно искористување. Овој серијал написи е посветен токму на енергетската ефикасност.


Астрономија и астронаутика

По откривањето на забрзувачкото ширење на универзумот, теоретичарите воведоа нова, петта по ред основна природна сила, којашто ја нарекле "темна енергија", и која за разлика од останатите 4 основни сили, има одбојно дејство. Антигравитациската космолошка константа на оваа нова сила управува со стапката на забрзување на ширењето на универзумот.


Хемија

Фабрикувањето материјали со нанодимензии (0,1 – 100 nm) и вградувањето одредени својства во нив, лежат во срцето на растечката нанонаука и нанотехнологија. Во овој текст ќе се обидам да ви доловам поглед на најниската скала на нанотехнологијата (т.е. 0,1 – 20 nm), која ги вклучува концептите на самосклопување, огромната варијација на биолошките и синтетичките системи што се познати досега, но и за идејата за создавање неоргански живот.


Електроника

Детекторот за метал е корисен инструмент за откривање локации во ѕидовите во кои е вградена некоја метална инсталација, како електрични кабли, железна арматура, водоводни цевки и др. Детекцијата на тие места е актуелна при разни градежни зафати, кои се поврзани со бушење дупки во ѕидот. За таа цел, во овој напис ви предлагаме самоградба на детектор за метал, којшто ги открива со голема прецизност местата во ѕидовите каде што не смее да се буши.


Електроника

Во оваа статија е прикажан едноставен и интересен алармен склоп за заштита на вашиот стан од несакани посетители. Склопот се огласува со звучен сигнал при допир на бравата од влезната врата, и на тој начин ја штити од насилно отворање.


Информатика

Релативно тивка година, во која доминираше експанзијата на таблет-системите и падот на нивните цени, но и уште по нешто.


Информатика

Способноста да кодирате компјутерски програми е дел од писменоста во денешното општество. Scratch е едукативен програмски јазик којшто ви овозможува да програмирате свои интерактивни приказни, игри и анимации. Дизајниран првенствено за деца на возраст меѓу 8 и 16 години, денес го користат луѓе од сите возрасти.


Информатика

Во ситуации кога оптичкиот уред е неупотреблив, а при рака немаме заменски или, пак, оптички уред воопшто не постои (netbook, ultrabook, slim модели на лаптоп), спасот е во бутабилен USB уред. Екстерен хард диск или стикче, сеедно, не менува работа. Битно е да бутира!


Биологија

Диносаурусите живееле на Земјата во далечното минато, некаде од пред 220 милиони години и живееле до пред 65 милиони години, кога наеднаш исчезнале во еден многу кус временски интервал! Причината за нивното исчезнување се припишува на ненадејна промена на климатските услови, предизвикана од пад на метеор со пречник од околу 10 km, Но диносаурусите не исчезнале наполно, како што вообичаено се сметаше, туку тие оставиле потомци, коишто живеат и денес – тоа се птиците! Ова порано беше само претпоставка, но, најновите морфолошки истражувања потврдиле дека птиците потекнуваат од диносаурусите!


Историја и археологија

На темата "Еволуцијата на човекот", ЕМИТЕР досега објавил свои написи во неколку броја. Во еволуцискиот пат на човекот, актуелната таксономиска систематизација селектира неколку различни најрани видови (species) во родот (genus) Хомо (Homo). Меѓутоа, најновиот палеоантрополошки наод на череп стар 1,8 год., откриен во Дманизи, Грузија, сугерира дека сите тие навидум различни најрани видови се всушност варијации на само еден ист вид.


Медицина

Виртуелната колоноскопија е дијагностичка постапка на разгледување и испитување на внатрешноста на дебелото црево, со т.н. патување низ него. Виртуелната колоноскопија е можна со користење на најновите МДКТ-системи, кои користат рентгенски зраци и компјутер за создавање 2Д и 3Д-слики. Таа е метод на медицински предизвик и е исклучиво дијагностички, користен за откривање на патолошки состојби на дебелото црево, со особена вредност во дијагностика на полипи, дивертикули и малигни промени.


Медицина

Тим од експерти за кардиоваскуларни системи најавува дека во рок од десет години ќе биде можно печатење на целото срце во 3Д, а тоа ќе биде направено од матични клетки кои ќе бидат земени од пациентот. Се смета дека салото е најдобар извор на матични клетки кои можат да бидат употребени за 3Д-печатење на срце, но и на некои други органи, па затоа, ако имате некој килограм повеќе не очајувајте. Тоа еден ден може да ви го спаси животот.


Автомобилска техника

На пазарот, а особено на интернет се нудат мноштво додатоци за вградување во автомобилите по нивната продажба (after market). Значи, тие додатоци не ги вградува производителот на автомобилот, туку разни фирми ги произведуваат, ги продаваат и ги вградуваат рекламирајќи ги како уреди коишто ги подобруваат карактеристиките на автомобилот.


Металство и машинство

Многумина се сретнале и ракувале со некој хидрауличен уред, во најмала рака со обична хидраулична дигалка за автомобил. Секој од нас кога ќе го слушне зборот хидраулика, помислува на нешто моќно што подига голема тежина. Но моќноста во која било форма, хидраулична, електрична или топлинска, си е подеднаква, т.е. киловат моќност си е киловат моќност, без разлика за каква форма на енергија станува збор.


Автомобилска техника

Конечно, ќе се запознаеме со најмалото сериско автомобилче во светот што е влезено дури и во Гинисовата книга на рекорди. Мало, слатко, евтино, исклучително практично градско возило, кое во 2012 година одбележа јубилеј – 50 години од неговата појава. Секогаш плени со својот необичен и исклучително практичен и спартански дизајн и мами воздишки. Шармантен е. Вистински хит во Велика Британија и во многу европски земји.


Физика

Кога Големиот хадронски судирач (LHC ) беше пуштен во употреба во 2008 година, физичарите кои се занимаваат со физиката на честичките не ни помислуваа да побараат нешто поголемо. Но, со откривањето на Хигсовиот бозон, LHC ја исполни една од главните цели, па сега физичарите почнуваат да размислуваат наголемо за создавање машина која еден ден ќе го наследи LHC.


Електроника

Во неколку претходни статии во оваа рабрика беа презентирани повеќе конструкции на осцилатори (генератори) на правоаголни и на синусни сигнали. Во овој број одлучивме да презентираме едно едноставно коло кое со помош на два операциски засилувачи, едниот поврзан како компаратор, а другиот како интегратор, истовремено генерира правоаголни и триаголни сигнали во широк опсег на фреквенции.


Омнибус

Од своето настанување, луѓето биле свесни за текот на времето, иако концептот на времето е развиен многу подоцна. Праисторискиот човек пронаоѓал временски показатели во природата што го опкружувала, и тоа во промената на денот и ноќта, зимата и летото, како и во движењето на ѕвездите и Месечината.


Астрономија и астронаутика

Мисијата имаше задача од орбитата да ги мапира варијациите на гравитациското поле на површината од Земјата. Притоа, орбитерот детектира еден многу интересен податок: "лузна" во гравитацијата, предизвикана од земјотрес.


Астрономија и астронаутика

Вселенското летало Касини сè уште праќа фотографии од Сатурн, за кои лесно може да се каже дека го одземаат здивот. Без разлика дали се работи за панорами на планетата и нејзините прекрасни прстени, или за некој од многубројните сателити, или, пак, некој чуден резултат од мерење, Касини продолжува со добрата работа…


Електроника

Микроконтролери, процесори, развојни плочки, embedded системи, 8051, PIC, AVR, ARM, Visual Studio, .NET, … ако овие зборови Ви привлекоа доволно внимание да ја читате оваа реченица тогаш Вие сте на вистинската страница, седнете удобно, исклучете се од околината и читајте го овој текст до крај - тој е напишан специјално за Вас.


Информатика

Во контекст написот за тродимензионалниот печатач на Makerbot во минатиот број, ќе ви ги презентираме импресиите од демонстрацијата на тродимензионалниот скенер од истоимениот производител изведена во лабораторијата на ФИНКИ.


Аудио и видеотехника

Секој што го слушнал својот глас снимен на некој носач на звук, било да станувало збор за говор или за пеење, бил изненаден или дури зачуден бидејќи имал чувство дека тоа не е неговиот сопствен глас! Притоа, секој си го поставува прашањето: има ли некакво логично објаснување за тоа? Има. Прочитајте го текстов, и ќе дознаете.


Информатика

Компанијата Dell Software најави технолошки иновации како успешен одговор на низа нови ИТ-предизвици. Новите решенија и технологии на интеграција на мобилните BYOD системи, им овозможуваат на корисниците подобра мрежна сигурност и управување со идентитетите на корисниците, што дополнително ја зголемува сигурноста на работата, без оглед на локацијата или пристапот.


Аудио и видеотехника

За добра слика не се доволни само добра камера и осветлување, потребен е и добар видеомонитор. Добро избран монитор е клучот за успешна работа бидејќи мониторот го прикажува она што се емитува или се снима и ако тој не е квалитетен или не е добро нагоден, целиот труд ќе биде залуден. Ако, пак, производот е добар, сознанието дека можеби сработеното не е квалитетно внесува непотребна нервоза и ја намалува креативноста, а може да предизвика и непотребни финансиски трошоци.


Аудио и видеотехника

Canon XA20 Professional HD е компактен камкордер кој е особено погоден за електронско новинарство и за снимање документарни филмови. Снима на две картички истовремено, па веднаш по завршувањето на снимањето имате подготвена веб-верзија на снимките, но снимката од втората картичка може да се користи и за архивирање или како back up. Камкордерот дава пристојна слика на објектот при само 1,2 лукса, а чини 1600 евра, што воопшто не е многу за еден професионален камкордер.


Омнибус

LG гаџети за здрав живот;
Водата на Месечината потекнува од Земјата?;
Засилувач Roksan Kandy K2 BT;
Lacie Sphere екстерен хард диск;
Подводни "змејови" за производство на електрична енергија;
Невидлива камера што слика во темница;
30-годишен јубилеј на радиоаматерот Владимир Ковачески, Z35M;
Неверојатна постапка за регенерација на оштетена коска;
DDJ-WeGO2 ултрапреносен DJ микспулт;
Галаксија со облик на јато птици во лет;


Писма
Моќен сабвуфер за 102dB на 20Hz
Колкава е заштедата со намалено греење за 1-2 степена?
LED-индикација на наизменичен напон