Рубрика: Астрономија и астронаутика
Корекција на износот на космолошката константа на темната енергија?
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


По откривањето на забрзувачкото ширење на универзумот, теоретичарите воведоа нова, петта по ред основна природна сила, којашто ја нарекле "темна енергија", и која за разлика од останатите 4 основни сили, има одбојно дејство. Антигравитациската космолошка константа на оваа нова сила управува со стапката на забрзување на ширењето на универзумот. Скаларниот износ на космолошката константа физичарите го пресметале, но, најновите набљудувања укажуваат на потреба од корекција на нејзиниот актуелен износ.

Според законите на физиката, експанзијата на универзумот треба да биде ретардациска (перманентно да забавува) под дејството на гравитациската привлечна сила што делува помеѓу сите објекти во универзумот, па астрономите во тоа време се фокусирале да утврдат дали во универзумот има доволно количество материја, која со својата гравитација ќе ја запре експанзијата и ќе започне обратен процес: колапс на универзумот во самиот себе, којшто ќе заврши со "големо згрутчување" ("big crunch"). Меѓутоа, во 1990 год. се случи ново откритие што го промени тогашното сфаќање за динамиката на експанзијата на универзумот. Имено, астрономите откриле дека експанзијата не е ретардациска (забавувачка), туку е акцелерациска (забрзувачка), т.е. универзумот се шири со брзина која перманентно се зголемува. Ова откритие повторно ја актуализираше отфрлената Ајнштајнова антигравитациска космолошка константа, но, сега не за да држи рамнотежа на гравитацијата за да одржува статичен модел на универзумот, туку за да ја надвладее привлечната сила на гравитацијата и со тоа да создаде негово забрзувачко ширење. Така научниците ја вратиле антигравитациската космолошка константа во равенките од Теоријата за релативитетот, но, од тогаш астрофизичарите започна да ги мачи прашањето која е таа сила којашто ја генерира негативната космолошка константа?

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.