Рубрика: Астрономија и астронаутика
Судир помеѓу универзуми!
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Трагајќи по доказ за евентуално постоење на мултиуниверзум, една група научници доказот го бараат во нашиот универзум, претпоставувајќи дека во далечното минато тој се судрил со некој соседен универзум, а последиците од тоа останале видливи!

За многу луѓе, меѓу кои и голем број научници, космосот нуди доволно голем број мистерии, меѓутоа, тоа не се однесува и на Матев Клебан (Mathew Kleban), физичар на Њујоршкиот Универзитет, САД. Поаѓајќи од фактот што многу научници со висока репутација развиле теории според кои нашиот универзум не е уникатен (види го текстот во рамка), Клебан со една група свои соработници посветиле многу време во размислување околу пронаоѓањето доказ за евентуалното постоење на други универзуми, но и за пронаоѓање метода според која можеме нив да ги детектираме ние. Меѓутоа, "нашиот" универзум е толку огромен, така што ние не можеме да ја видиме неговата граница, па, како тогаш ние можеме да очекуваме некогаш да видиме некој друг универзум, надвор од границите на нашиот?! Но, колку тоа и да изгледа како залуден труд, сепак ние сме способни во нашиот универзум да препознаеме траги од некој друг универзум доколку некогаш тие се судриле, од што несомнено останале "отисоци од палец" во нашиот универзум, па врз основа на нив, некој итар набљудувач може да го открие постоењето на друг универзум! А можност за таков судир, како што ќе видиме во натамошниот текст, постоела во далечното минато, кога според стандардниот модел за еволуција на универзумот, тој поминал низ една многу критична фаза, која космолозите ја нарекле "инфлација". Па така, доказот за евентуално постоење мултиуниверзум можеби се крие внатре во нашата "куќа", само што тој треба да се открие!
Работејќи во таа насока, Клебан и неговиот тим го утврдиле обликот на "отисокот од палец", и што е побитно, откриле како тој може да се детектира со методот на набљудување. Идејата е нова, па таа треба да се тестира, а тоа може да се направи во рок од само една година. Но, да одиме по ред!

Клучни зборови:

Уметничка визија на мултиуниверзум

Уметничка визија на креација на мултиуниверзум

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.