Рубрика: Астрономија и астронаутика
Нашата галаксија ќе се судри со галаксијата Андромеда
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Дали еден ден нашата галаксија Млечен Пат ќе се судри со својот поголем најблизок сосед, галаксијата Андромеда? На ова прашање научниците од НАСА одговараат со "ДА", врз основа на многу податоци добиени од орбиталниот телескоп Хабл и од компјутерски симулации.

Галаксијата Андромеда, поинаку позната под називот M31, е најблиска галаксија до нашата галаксија Млечен Пат. Поголема е од нашата галаксија, а оддалечена е 2,5 милиони светлински години. Таа може да се види на ноќното небо дури и со голо око и изгледа како "маглина" во нашата галаксија, која до пред околу едно столетие се сметаше за единствена галаксија во универзумот.
Оттогаш досега астрофизичарите постојано шпекулирале околу судбата на нашата галаксија, меѓутоа, денес астрономите на НАСА се во состојба со сигурност да го предвидат големото космичко случување во далечната иднина, коешто ќе ја погоди нашата галаксија Млечен Пат, нашето Сонце и Сончевиот систем: титанскиот судир меѓу нашата галаксија и соседната најблиска галаксија, Андромеда!

Клучни зборови:

Уметничка визија на изгледот на ноќното небо во далечна иднина, непосредно пред судирот на двете галаксии.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.