Системите за 3Д-моделирање, односно скенирање, забрзано стануваат сè подостапни за поголем број заинтересирани луѓе од разни сфери и области, од проста причина што персоналните компјутери кои се способни за приказ на 3Д-графика стануваат доволно евтини. 3Д скенирањето си нашло пат и во медицината, хемијата, електрониката и во многу други научни дисциплини. Сепак, филмовите и компјутерските игри се тие кои ја придвижуваат нанапред 3Д-индустријата во секој поглед.