Рубрика: Биологија
10 најинтелигентни животни
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Земјата е полна со широк спектар суштества. Живите организми мораат да слушаат, да мислат, да гледаат и да се адаптираат со цел да опстанат. Луѓето со гордост сметаат дека се најпаметни и дека заради тоа доминираат, но многу животински популации исто така се успешни во борбата за преживување и во адаптацијата кон светот и кон климатските услови. Неверојатно е да се види дека некои животни навистина имаат извесно чувство за природните феномени, што е непознато за луѓето. Најдобар пример е она што се случи во 2004 година во Индискиот Океан, по земјотресот и цунамито. Многу видови животни заминале на околните ридови за да се спасат од несреќата која штотуку не се случила, додека луѓето мирно си живееле, без ништо да насетат, а доволно било да обрнат внимание на нивното однесување. Истражувачите и научниците дошле до сознанија дека животните имаат јазици на комуникација, манири, правила и цели за опстанок. Ова е листа на 10-те најпаметни животни. Во текстот се наведени и причините зошто овие животни се нашле на листата на 10 најинтелегентни животински суштества. Прочитајте, ќе се изненадите, но и ќе се воодушевите од нивната посебност и интилегенција!

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.