Рубрика: Биологија
Храна на иднината
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


До 2050 година на нашата планета ќе има уште 2,5 милијарди луѓе. Како ќе се нахранат и со што?! Одговорот што го даваат научните истражувања е: алги, инсекти и месо одгледувано во лабораторија. Алгите се храна на иднината, вели професор Марк Едвардс (Mark Edvards). Обединетите нации соопштија дека ќе имаме речиси двојно повеќе луѓе, и за тие да се нахранат ќе мора производството на храна да биде со нови технологии и да се избегне отпад при производството. Иако можеби 2050 изгледа дека е далеку, проблемот недостаток на храна е присутен и денес. Веќе постојат една милијарда хронично гладни луѓе, има сè помалку необработена земја, климатските промени го прават земјоделство уште потешко, вода има сè помалку...

Пред педесет години, кога светската популација изнесувала околу половина од она што е сега, одговорот на гладот што демнел била "зелената револуција" – пораст на придонесите со употреба на хибридни семиња и вештачки ѓубрива. Тоа функционирало, но еколошката цена била мошне висока. Вистина е дека производството на храна двојно се зголемило, но потрошувачката на вода се зголемила за трипати! Така било тогаш, но како ќе биде во иднина и какви се предвидувањата?
За повеќе храна, ќе треба вода, поголеми обработливи површини, нови култури и нови технологии. ќе мора да се најдат нови начини кои ќе овозможат да растат земјоделски култури на места до кои досега беше тешко или невозможно да се дојде, а не пак да се претворат во обработливи површини и фарми. Веројатно новите технологии ќе создадат и нов вид земјоделци. Како и да е, исхраната на новите генерации кои доаѓаат ќе се базира и ќе зависи од неколку нови извори на храна и нови идеи за нејзино производство, кои ќе бидат презентирани во продолжение на текстов.

Инсектите не се на повеќето европски и американски менија, но барем 1400 видови се јадат во Африка, Латинска Америка и во Азија.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина