Рубрика: Аудио и видеотехника
Операциона сала: Подобрување на звучникот Ei HSR 140 (1)
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Повторно ја активираме рубриката "Операциона сала", во која ќе мерам, сецирам, модифицирам и ќе подобрувам звучници. Тоа ќе бидат комерцијални – "фабрички" звучници од познати (и непознати) фирми и брендови, но тука ќе бидат добредојдени и звучниците од нашите читатели направени со самоградба. Ги повикуваме читателите да ни ги донесат своите ремек-дела на мерење, оценување и подобрување.
Во овој број ќе го мерам, сецирам, критикувам и ќе го подобрувам славниот југословенски звучник кој доаѓаше во комплет со рисиверот Ei HSR 140.

Името HSR 140 на нас, повозрасните, секогаш ни асоцира на тогашните забави (журки). Едвај чекавме нечии родители да заминат навечер некаде, па веднаш се организираше групно молење и убедување на некој сопственик на HSR 140 да го донесе тој скапоцен предмет во слободниот дом (што најчесто беше прифаќано експресно брзо), и бројното друштво за миг ќе се створеше таму, натоварени со грамофонски плочи и касети, со задолжително голем број "сентиши" кои се пуштаа во стратешки одбрано време, при придушено светло. Јачината на звукот тогаш ни беше доволна, веројатно затоа што повеќето ниту чуле нешто погласно дома. Рисиверот HSR 140 беше просечен, прифатливо добар производ, со архаични излезни транзистори 2N3055. Приказната со звучниците е малку покомплицирана и поинтересна.
На сликата прикажани се три генерации на звучникот кој го нарекуваме HSR 140 (неговата официјална ознака е HZK 12031). Сите три модели имаат бас-звучник од 12 инча (30 cm) со хартиена мембрана, вграден во затворена (компресиона) кутија, среднотонец од 5 инча (12,5 cm) со хартиена мембрана и високотонец со 25 mm калота од импрегнирана ткаенина. Сите три модели имаат иста свртница. Сигурно ќе се запрашате како е можно различни звучници да имаат иста свртница. Одговорот е едноставен – можно е, но е тотално погрешно! Токму тука лежи главната причина за лошиот звук кај овие два најзастапени и најчести модели на звучниците HSR 140. Знам дека со ова што го напишав ќе дојдам во конфликт со голем број луѓе кои веруваат дека звучниците HSR 140 даваат одличен звук. Но, уште пред 35 години не ми се допаѓаше звукот на звучникот HSR 140 – особено неговите пренагласени средни тонови и заматеност во презенс-подрачјето. Освен тоа, им недостасуваше длабочина и тежина на најниските тонови – зачудувачки, со оглед на големата кутија и големиот бас-звучник.
Во текстот што следува, преку измерените карактеристики ќе видиме зошто звукот е таков каков што е и со кои модификации ќе може да се добие значајно подобар звук.

Клучни зборови:

Фотографија на оригиналната свртница од звучникот HSR 140

Измерена амплитудно-фреквенциска карактерис¬тика (АФК) на оригиналниот, немодифициран звучник HSR 140

Измерена АФК на звучник HSR 140 со модифи¬цираната, оптимално подобрена свртница.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.