Рубрика: Аудио и видеотехника
Проект: PA loudspeaker TNT 10/200
Автори: Владимир Филевски, Сашко Ицковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5-6/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


После написите "Компресиони звучни кутии" во ЕМИТЕР бр.5/95 и "Пасивни свртници за звучни кутии" во ЕМИТЕР бр.1-2/96 и 3-4/96 логично беше да се заокружи таа целина со практичен пример – проект на комплетен звучник од компресионен тип. Но, заради повеќе причини (оправдани) тој проект малку задоцни, па наместо него ви предлагаме друг проект: PA бас-рефлекс звучник TNT 10/200 прикажан на слика 1. Бројката 10 значи дека е употребен бас-среднотонски звучник со пречник од 10 инчи (25,4 cm), а бројката 200 значи дека овој звучник може нормално да работи со засилувач со моќност од 200W на 8 ома. Кога ќе го направите овој звучник и кога ќе го приклучите на 200W засилувач, ќе се уверите дека името TNT е сосема заслужено.

Кратенката PA доаѓа од зборовите Public Address, што значи дека сите професионални PA звучници се наменети за гласно озвучување на големи простории или за отворен простор. За да го заслужат префиксот PA, тие звучници треба да имаат висока ефикасност, моќност од најмалку 100W, мал волумен на кутијата, контролирана дисперзија на средните и високите тонови, доволно ниски изобличувања и слични невозможни услови. Единствена олеснителна околност е тоа што не се бара репродукција на екстремно ниските тонови (фреквенции).

После повеќе од десетици изработени звучни кутии стана јасно дека на нашиов пазар побарувачката на професионални звучници може да се подели само на две групи: прва – звучници за диско клубови или за кафулиња и кафеани и втора – звучници за вокално-инструментални состави. Главен проблем кај муштериите од овие две групи е недоволната упатеност во аудио-техниката, или во уште полош случај – "знаењата" кои ги добиле од разни "стручњаци" ("дечки кои се разбираат од техниката").

Звучниците мораат да испорачуваат квалитетен звук до слушателите. Затоа прво ќе ги идентификуваме грешките кои доведуваат до појава на лош звук, за да не се повторуваат понатаму. А после деталните анализи и пресметки за звучниците, може да преминеме кон изработка на кутијата и склопување на сите делови.

Цените на професионалните звучници се многу високи, па затоа со самоградба може многу да се заштеди. Звучникот TNT 10/200 во секој поглед е подобар од Dynacord SRX 10.2 и од Turbosound TM1 101, а е еднаков на JBL 725 AP, само што JBL може да издржи 600W, има поширока дисперзија на високите тонови и е ужасно скап.

Напомена: Проектот TNT 10/200 не е прекопиран од некое друго списание или од некој друг фабрички нацрт, туку е резултат на сопствени знаења и истражувања. 

Технички карактеристики:

Бас-среднотонец; Eminence ME10-200 Високотонец; Motorola KSN1177A Twin Drive

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5-6/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.