Емитер 3/2000.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Хобистите кои сакаат да прават свои звучни кутии често се судруваат со проблеми како да дојдат до квалитетни, но не прескапи звучници. Од поквалитетните и поскапите звучници кои можат да се најдат во Македонија би можел да ги препорачам скоро сите модели на Focal, а од поевтините – повеќе модели на Jamo. Од звучниците Simsonik би можел да препорачам два-три модела (на пример бас/среднотонецот Simsonik GF 620 S). Звучниците Boomers се малку прескапи за својот квалитет, според мое мислење. Особено голем проблем е да се најдат доволно квалитетни, а евтини високотонци. Најпроблематични се покажаа високотонците Simsonik. Високотонците од Jamo се со многу добар квалитет, особено калотните (кои веќе се распродадени, за жал), додека високотонецот Focal TC 90 Tdx е со врвен квалитет, а цената му е само 65 марки.
Во потрага по добар, а евтин високотонец мислам дека дојдов до едно интересно откритие. Тоа е No Name производ – на задната страна е отпечатено само: Professional DT41. No Name производ не мора автоматски да значи дека тоа е лош звучник – во светот постојат повеќе OEM фабрики со непознати имиња за поироката јавност, но со огромни капацитети, чии производи многу често се откупуваат од познатите фирми за звучници, кои потоа лепат своја етикета врз истиот производ. Однадвор гледано изработката е квалитетна и прецизна, калотата е метализирана и е со дијаметар од 20 mm, а над неа има поставено пластичен phase plug (фазен конектор).
На располагање имав 4 примероци од овој високотонец и сите ги измерив. Мерењата покажаа сосема мали отстапувања меѓу примероците, така што може да се каже дека станува збор за квалитетно направен високотонец.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2000. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.