Омнибус

Balanced Audio Technology VK-50SE;
Систем Marantz + Tannoy;
Pioneer PDR-509;
Hauppage WinTV DVBs ;
HP deskjet 970CXi;
Ламповата миксета VTC на TLAudio во студијата на UFO;
Книга за животот и делото на Blumlein;
Управата на Fairlight се пресели во Холивуд;
Новите компјутери iMAC;
Zilog wave;
ICOM IC-T81 - најпопуларен модел на годината;
Електрониката на интернет;
Првиот 80-минутен CD-R на HHB


Омнибус

100-те најбарани DXCC - земји во 1999 година;
Периодични изданија на "DX Publishing"од САД;
Радиоаматерски сојуз на Македонија;
Правила за натпреварот CQ WW WPX


Електроника

Во голем број различни типови возила вниманието што му се посветува на еден многу важен податок за состојбата на моторот - неговата температура, е загрижувачко. Наместо инструмент со подвижен калем, во тие возила е вграден оптички индикатор кој не дава никаква информација за температурата на моторот сè додека тој не се прегрее. А тогаш е веќе доцна.


Електроника

Мерењето на односот на стојните бранови во високофреквентните водови е многу значајна постапка во радио техниката. Појавата на стојни бранови во еден RF вод може значително да го наруши режимот на работа на еден радио предавател. Доколку нивниот однос е многу голем, тогаш покрај тоа што голем дел од моќноста што ја емитира предавателот не се зрачи од антената, туку во исто време може да настане трајно оштетување на излезните степени на тој предавател.


Електроника

Самиот наслов на овој проект наговестува за каков уред ќе стане збор во продолжние. Како што знаете овој уред има улога после одреден временски период, кој е однапред поставен, да се огласи или изврши одредена акција. Пософистицираните уреди кои се нудат на пазарот можат да управуваат повеќе електрични апарати одеднаш при што уредите може повеќекратно да се активираат и/или исклучуваат по однапред поставен редослед.


Електроника

Веројатно сте забележале дека во автомобилите од најнов тип е вградена силна електроника која е наменски проектирана, изработена со специфични елементи со нестандардни ознаки што на прв поглед делува непристапно. Одреден број од овие електронски уреди кои се веќе дел од стандардната опрема во новите автомобили можат да се изградат и во аматерски услови, веројатно на друг начин, но со потполно иста ефикасност.


Електроника

Во ова продолжение ќе ја разгледаме компонентата тријак – наговата градба, принцип на работа и негови параметри. Ќе стане збор и за останатите повеќеслојни компоненти како што се фототиристор и фототријак.


Електроника

Често се случува да наидете на некоја зенер диода која од оваа или онаа причина останала без ознаки или не сте сигурни дали работи како што треба. Со ова коло можете да ги тестирате зенер диодите, и не само што можете да ја проверите нивната фунционалност туку можете и да го проверите нивниот зенеров напон.


Електроника

Честопати сте забележале, на возилото пред вас, дека светлото на сопирачките ви го привлекува вниманието. Во најголем број на случаи се работи за уред кој ги прекинува стоп светлата со променлива брзина. Токму ваков ефект постигнува колото кое ви го претставуваме. Електронскиот уред кој ви го претставуваме импулсно го прекинува светењето на стоп светлата за да го привлече вниманието на возачот зад вас.


Електроника

Безжичните микрофони се многу популарни за разни сценски настапи, од оние на големите концертни подиуми до оние на домашните караоке забави. Професионалните безжични микрофони работат на посебни фреквентни опсези и се состојат од квалитетен микрофон со вграден мал радиопредавател и соодветен приемник. Во овој напис ќе прикажеме еден едноставен безжичен микрофон кој ќе можете самите да го изработите.


Телекомуникации

Грамофонот ја доби својата дигитална верзија, па и реплика, потоа и касетофонот, телевизијата стана дигитална како и видеорикордерот и фотоапаратот. Зошто тјунерот би бил исклучок?


Телекомуникации

Полубрановиот дипол напојуван во својот центар е најшироко користена антена меѓу радиоаматерите особено на КБ-опсезите. Причина за тоа е што е евтин, лесен за конструирање и поставување и многу е ефикасен.


Аудио и видеотехника

Хобистите кои сакаат да прават свои звучни кутии често се судруваат со проблеми како да дојдат до квалитетни, но не прескапи звучници. Од поквалитетните и поскапите звучници кои можат да се најдат во Македонија би можел да ги препорачам скоро сите модели на Focal, а од поевтините – повеќе модели на Jamo. Од звучниците Simsonik би можел да препорачам два-три модела (на пример бас/среднотонецот Simsonik GF 620 S). Звучниците Boomers се малку прескапи за својот квалитет, според мое мислење.


Аудио и видеотехника

Радиото, филмот и телевизијата претставуваат една форма на комуникација. Исто така, тоа се медиуми што се целосно потпрени на комуникација во текот на подготвувањето, снимањето или емитирањето.


Електроника

Електронските цевки денес многу малку се употребуваат во електрониката. После пронаоѓањето на транзисторот и развојот на технологијата, тие речиси се исфрлени од секојдневна употреба. Но, постојат места каде нивната примена е незаменлива заради карактеристиките кои ги покажуваат во одредени услови на работа. Електронските цевки сè уште наоѓаат масовна примена во тактичките средства за врски употребувани од многу армии во светот, како и во разни други уреди за посебни намени.


Писма
Дигитален термометар, биојонизатор и мелодично ѕвоно
Свртница за Simsonik звучници
Шеми на интернет х 2
Емитер во секциите по електроника
Бас-рефлекс звучник и намотки за уредот за комуникација преку 220V-на мрежа