Рубрика: Аудио и видеотехника
Тест: девет 6,5-инчни бас/среднотонци
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ви го претставувам тестот на девет евтини бас/среднотонски звучници со номинален дијаметар од 165 mm (6,5 инчи). Со професионалниот уред за аудиомерења CLIO ги измерив нивните Thiele-Small параметри, амплитудно-фреквенциските карактеристики, waterfall дијаграмот и изобличувањата од вториот и третиот хармоник, но заради ограничениот простор, нема да бидат прикажани waterfall дијаграмите и графиконите за изобличувањата.

На опишаниот начин беа тестирани следниве звучници: Cobra 6.5", Cobra YD 166-2, D&T 620 P, Ei AZ 601, Protegy SPW-068, Simsonik CWD 62, Simsonik CWD 620 B, Simsonik GF 620S и Simsonik SW 610 P. Сите тестирани звучници се номинално 8-омски, освен моделите D&T 620 P, Simsonik GF 620S и Cobra 6.5", кои се 4-омски. Наведените 4-омски модели имаат и свои 8-омски верзии кои во моментот на тестирањето не ни беа достапни.

Бидејќи амплитудно-фреквенциската карактеристика на звучникот зависи од широчината на предната плоча од звучната кутија, мерењата се вршени во тест-кутија која има предна плоча широка 22 cm, што потполно одговара на реалните услови. Мерењата се вршени на далечина од 2m, но графиконите се скалирани на 1m за директно да се прикаже осетливоста на звучниците во dB/1m/2,83V.

На графиконите истовремено се претставени две карактеристики: горниот график е амплитудно-фреквенциска каракеристика измерена во оската на звучникот, а долниот график е мерен под хоризонтален агол од 30 степени.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.