Емитер 6/1998.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во овој број на Емитер ќе ви го претставам CD-плеерот од PIONEER под работен назив PD-S 705. Овој уред се наоѓа во средина на гамата на CD-плеери за домашна употреба на овој реномиран производител, чии производи се главно наменети за поширок круг на конзументи, како по својата концепција така и по својата цена.
Колку и да ни се чинат познати дигиталниот формат како носач на звук и CD-плеерот како направа која од малата блескава плоча создава музика, толку сме позачудени кога ќе спознаеме некое новороденче на аудио индустријата за кое на прв поглед никако не можеме да разбереме што со неговото создавање всушност сакале да постигнат неговите творци. Па дури и оние кои се најповикани да не изненадат со некое ново откритие на ова поле, не се секогаш сигурни што всушност претстсавува реализацијата на некоја конструкторска идеја. Дали таа идеа или пронајдок или подобрување, како на кого повеќе му се допаѓа, води кон подобрувње на резултатот, музички се разбира, или претставува само маркетингшки трик чија единствена цел е убаво спакуваниот производ, проследен со фуриозна рекламна кампања, засилен со епитетот на “револуционерно подобрување” да се продаде во што е можно поголема количина, притоа не водејќи многу грижа за задоволството на купувачот за потрошените пари. Кога би биле само тие во прашање! Оваа констатација може да ја поткрепи секој љубител на добриот звук, кој уште како се покајал што својот стар CD-плеер, во чиј звук уживал подолго или покусо време, пак зависно од можностите и навиките, го заменил со некоја машина од најнов датум која била рекламирана како нешто вонсериски добро, да не речам револуционерно, а не добил ништо во најдобар случај, или пак, во полош случај изгубил во квалитетот на звукот. Како и да е, се сложиле некои или не, мошне се ретки оние производи во кои е вткаен некој навистина нов и неоспорен квалитет. Притоа е сосема неважно дали се работи за промена од големи размери или таа интервенција е мала и навидум безначајна. Она што е важно и единствено релевантно, колку оваа иновација објективно допринесува во подобрување на соничниот резултат.
Овој увод беше неизоставен, затоа што во овој број на Емитер ќе ви го претставам CD-плеерот од PIONEER под работен назив PD-S 705. Овој уред се наоѓа во средина на гамата на CD-плеери за домашна употреба на овој реномиран производител, чии производи се главно наменети за поширок круг на конзументи, како по својата концепција така и по својата цена. Иако PIONEER е добро познат на нашиве простори како квалитетен производител на забавна електроника, како за домашна употреба така и за потребите на љубителите на подвижни разгласни станици на четри тркала, и тоа по приципот кој колку погласно, малкумина знаат дека долга низа години оваа фирма спаѓа во самиот врв по продажба на најголемиот и најпрестижниот, ако не и најпробирливиот, пазар на светот за производи од аудио и видео индустријата, пазарот на САД. Па сепак, ако тоа не е доволно, во контекст на претходно образложената констатација, ќе додадам дека многу пронајдоци од областа на аудио-видео индустријата му припаѓаат токму на PIONEER. Од оние кои нема да остават којзнае каков белег, како на пример Legato Link конверзијата и слично, па до оние, кои се многу по бројни, и секако значат многу како за нас потрошувачите така и за аудио-видео индустријата. Тука спаѓаат секако LaserDisc-от, Copact Disc-Recorder-от за домашна употреба, како и Stable Platter Mechanism или Platter Disc односно скратено PD-S. Овој последниот го издвојувам како посебно интересен од причина што неговата појава пред наколку години предизвика вистинска мала сензација. Според мое лично убедување овој систем на транспорт на дискот е несомнено многу интересен и квалитетен, ако не и супериорен, во однос на стандардните транспортни механизми. Фактот што ниеден друг масивен производител не се обиде да го употреби не треба да ве зачудува од проста причина што широката застапеност на транспортите на Philips, Sony и Panasonic го задоволува пазарот со својата извонредно ниска цена.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.