Омнибус

УКБ натпревар "Гоце Делчев";
Правила за дипломата IIA - Italian Islands Award;
Правила за дипломата IOSA - Islands Of Scotland;
Календар за меѓународни КБ-натпревари;
Правила за натпреварот "World Wide South America";
ARRL QSL - биро систем


Омнибус

HI-FI информации;
39-та градска смотра;
"Орце '98";
XVII-ти Државни натпревари на ЕМАУЦ-ите;
Pioneer-ов радио компакт диск плеер за во автомобил;
Извор на снага;
Минијатурен колор Бар-генератор;
Yamaha - DS2416/AX44


Аудио и видеотехника

Сите американски Hi-Fi списанија кои го тестираа засилувачот Sunfire беа воодушевени од неговиот неутрален звук и од неговата скоро неограничена моќност, што и не е за чудење – ако има некој на светов кој навистина знае да направи добар засилувач, тогаш тоа е Robert (Bob) Carver, шефот на Sunfire.


Аудио и видеотехника

Во овој број на Емитер ќе ви го претставам CD-плеерот од PIONEER под работен назив PD-S 705. Овој уред се наоѓа во средина на гамата на CD-плеери за домашна употреба на овој реномиран производител, чии производи се главно наменети за поширок круг на конзументи, како по својата концепција така и по својата цена.


Аудио и видеотехника

Фирмата BSS Audio на пазарот исфрли нова линија на аудио процесори од серијата OPAL. Тоа се DPR-422 Dual Compressor & De-esser и DPR-522 Dual Noise Gate. Во нив е вградена сопствената VCA технологија. Влезните и излезните приклучоци се со XLR конектори, со точка на инсертирање преку стандарден телефонски џек, со трансформаторска симетрија. Секој од овие уреди може да работи со референтните нивоа од +4dBu или -10dBV.


Аудио и видеотехника

Внимание! Пред да продолжите понатаму, неизоставно прочитајте ги претходните делови од оваа серија - во ЕМИТЕР 1/98, 2/98 и 4/98. Уште некои корисни информации за бас-рефлекс кутиите можете да најдете во написот "Звучни кутии - сите видови на светот" во ЕМИТЕР 9/96 и во проектот "PA loudspeaker TNT 10/200" во ЕМИТЕР 5-6/96.


Аудио и видеотехника

Не е голем бројот на аудиофилите кои се свесни дека 16-битното линеарно кодирање искористено кај ЦД системот вклучува строги ограничувања во неколку значајни параметри на аудио сигналот. Вредностите за изобличувањата, односот сигнал/шум (С/Н) и раздвојување меѓу каналите на совршениот ЦД плеер не се 0,α и α. Сепак производители често прикажуваат податоци кои ги надминуваат теоретските можности на CD системот.


Електроника

Квалитетот на живеење во една зграда зависи од многу фактори. Еден од тие фактори е светлото по скалите. Старите механички, како и современите електронски автомати за ова светло нудат одреден комодитет, но тоа не е доволно. И едните и другите го исклучуваат светлото без предупредување. Често се случува некој насред скали да остане во темница, а тогаш, додека да стигне до најблискиот тастер сешто може да се случи.


Електроника

Дисторзијата или како уште се вика "fuzz" ефектот е еден од гитарските ефектите кои од аспект на електрониката најлесно се реализираат. Всушност како музички ефект е наједноставен во споредба со другите музички ефекти. Има повеќе начини да се генерира овој ефект, но најголемиот број од дисторзиите го користат принципот на "клипување" на сигналот. Така се генерира доста силна дисторзија која звучи исто како засилувачот да сте го пуштиле "до даска".


Електроника

Во минатиот број ве запознавме или потсетивме со бројните системи, и начинот на претварање на броевите од еден во друг броен систем. Исто така, сега знаеме зошто токму хексадецималниот броен систем го користиме при работењето со микроконтролерите. Во овој број ќе кажеме нешто во врска со операцијата одземање и ќе почнеме да се запознаваме со архитектурата на микропроцесорот 6800.


Електроника

Со цел да се зголеми моќноста на аудио сигналот често се врши мостен спој на два излезни засилувчи. Теоретски, вака добиената моќност на звучникот би била четири пати поголема од моќноста што ќе ја развие поединечно секој од двата засилувачи, но во пракса тоа не може да се постигне.


Електроника

Секој аналоген напон пред да се измери и подоцна да се обработи со компјутер, потребно е да се конвертира со уред за конвертирање (конвертор) со неопходна прецизност. Конверторот ќе му обезбеди на компјутерот n-битен еквивалент на напон, со што тој напон може понатаму дигитално да се обработува. Очигледно, колку е n поголемо, во толку повеќе чекори се врши процесот на конверзија, но во исто време се добива и поголема точност.


Електроника

Релативно едноставните кола им овозможуваат на корисниците на компјутери да генерираат аналогни напони под софтверска контрола, која што, без сомневање нуди интересни можности за интелигентна контрола, на пример на подесувањето на јачината на звукот на аудио засилувач, контрола на светло и слично. Колото е базирано на интегрираниот DA конвертор ZN 426.


Електроника

Британскиот произведувач HARRIS неодамна на пазарот исфрли две интегрални кола, мошне поволни за различни примени во обработката на видео сигналот. HA5022IP и HA5024IP се засилувачи со многу широк фреквентен опсег и засилување во опсег од 1 до 10. Реализирани се со струјна негативна повратна спрега, што овозможува помала деградација на фреквентниот опсег при високо засилување, во однос на напонската повратна спрега.


Електроника

Сакате да влезете во светот на практичната електроника, но не знаете како и од каде да започнете? Можеби веќе и сте започнале практично да се занимавате со електрониката, но наидувате на многу проблеми поради своите скромни знаења? Ако вашиот одговор на овие прашања е потврден (барем делумно) тогаш оваа серија написи е наменета за вас.


Електроника

На страниците од ова списание или на страниците од некое странско списание или книга, сигурно сте сретнале повеќе електрични конструкции на аудио миксети. Во овој текст повторно е дадена една електрична шема на аудио миксета реализирана со дискретни компоненти. Многумина од вас сигурно сметаат дека "нешто" не може да биде "добро и квалитетно" ако не содржи повеќе интегрирани кола, голем број на компоненти и ако не се напојува од извор на симетричен напон - посебно во аудио техниката.


Писма
Бројач