Здраво почитувана редакцијо,
Имам еден проблем кој верувам со ваша помош ќе го решам. Потребен ми е склоп, кој после одреден број на импулси ќе активира некое реле.

Зоран Тасков - Штип
Во Вашето прашање зборовите "одреден број на импулси" се многу неодредени, односно не напоменувате после колкав број на импулси треба да се активира релето. Затоа како решение на Вашиот проблем Ви нудиме две електрични шеми на два склопа кои значително се разликуваат по својот модул на делење односно по бројот на импулси после кои треба да се активира соодветно реле.
Првиот е реализиран со CMOS колото CD4017 кое претставува декаден бројач. Во зависност на кој неговите излез (Q2, Q3 или Q9) ќе се приклучи отпорникот од 10k односно степенот за побуда на релето RE, CD4017 обезбедува активирање на релето после 2, 3 па се до 9 импулси соодветно на неговиот влезен приклучок.
Втората електрична шема е реализирана со бинарниот бројач CD4040, кое интегрирано коло во зависност кој излезен сигнал ќе се искористи (Q2, Q3 или Q12), обезбедува активирање на релето после 2, 4, 8 па се до 2048 импулси.
Игор Николовски