Емитер 6/1998.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Дисторзијата или како уште се вика "fuzz" ефектот е еден од гитарските ефектите кои од аспект на електрониката најлесно се реализираат. Всушност како музички ефект е наједноставен во споредба со другите музички ефекти. Има повеќе начини да се генерира овој ефект, но најголемиот број од дисторзиите го користат принципот на "клипување" на сигналот. Така се генерира доста силна дисторзија која звучи исто како засилувачот да сте го пуштиле "до даска". Во наредниот текст покрај "класичните" дисторзии ќе биде прикажана и таканаречена TWANGY дисторзија. Инаку дисторзијата која е реализирана и која е прикажана во овој проект е така конструирана така што типот на дисторзијата и нејзините карактеристики се потполно флексибилни односно можат непосредно да се подесуваат преку повеќето потенциометри и преклопници.
Постојат два основни споеви на електронски кола за “клипување” односно два типа на дисторзии и тоа јака или хард и мека или софт дисторзија.
Хард дисторзијата како музички ефект генерира значајно изобличен или дисторзиран излезен сигнал, дури и кога влезниот напон малку ја надминува границата на клипување. Тоа кажано во музички контекст не е баш нешто добро - се разбира како за кого. Хард дисторзијата не е ефект кој може да се контролира. Дури и кога влезниот сигнал е малку над границата на клипување излезниот сигнал содржи значајни изобличени продукти. Дури и кога би се обиделе да го подесите степенот на клипување така што само сигналните пикови ќе се клипуваат резултатот не е умерена дисторзија.
Софт дисторзија е поблага форма на дисторзија во споредба со хард дисторзијата. Како и кај хард дисторзија, така и кај софт дисторзијата при влезни сигнали со мала амплитуда излезниот сигнал не е изобличен. Како амплитудата на влезниот сигнал расте така и изобличувањата се се поголеми, но карактеристично за софт дисторзијата е тоа што амплитудите со голема вредност односно напонските пикови се повеќе заоблени отколку комплетно отсечени како кај хард дисторзијата.
Од предходнитe пасусi видовме дека конвенционалната дисторзија, освен тоа што генерира дисторзиони продукти, го изобличува и обликот на влезниот односно излезниот сигнал. Со други зборови го менуваат обликот на секоја нота. Дури и кај софт дисторзијата изобличувањата се толкави така што голем дел од оригиналниот - влезниот сигнал е неповратно изгубен односно изобличен.
Сепак е можно да се поизведе дисторзија која покрај тоа што генерира дисторзиони продукти го задржува и оригиналниот облик на влезниот сигнал или нешто слично на него. За да се релизира таква дистоирзија потребни се многу посложени електронски кола, но една слична дисторзија - TWANGY дисторзија може да се реализира на разумно едноставен и ефтин начин.
Во зависност дали вториот прекинувач е во положба хард или софт, влезниот сигнал ќе биде изобличен по принципот на хард или софт дисторзија соодветно. Со помош на третиот прекинувач се вклучува и исклучува TWANGY дисторзијата, односно се врши избор помеѓу TWANGY и “класична” дисторзија, додека со потенциометрите се подесува засилувањето во зависнот од тоа каков pick up е приклучен на влезот од дисторзијата, се регулираат максималното напонско засилување, односно степенот на изобличување, и се нагодува нивото на излезниот сигнал кој треба да биде идентичен по амплитуда при вклучена и при исклучена дисторзија.
Интегрирани кола: LM7809, NE5532N, LM 13700N (или LM 13600N), TL071, CD4013
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.