Рубрика: Аудио и видеотехника
Слеп слушен тест: B&W, Jamo, Tannoy
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во првиот слеп слушен тест на звучници (ЕМИТЕР 5/97) жирито даде просечно добри, до слаби оценки на тестираните звучници. Меѓутоа, тоа не се должи толку на слабиот квалитет на тестираните звучници. Едноставно, од звучник со цена од околу 1000 марки и не може да се очекува подобар звук. Правилото "колку пари - толку музика" е најизразено токму кај звучниците. За овој тест избрав три пара звучници со цена меѓу 2100 и 2400 marki, па очекував дека жирито овојпат ќе биде многу задоволно. Арно ама...

Во техничкиот опис на звучниците повторно (намерно) ќе го изоставам податокот за синусната и музичката моќност на звучниците. Ќе бидам упорен во ова, се' додека на сите не им стане јасно дека прашањето "Колку вати е звучникот?" е сосема непотребно и неважно. Многу поважна и пополезна информација може да се добие со прашањето "Колкава е ефикасноста (осетливоста) на звучникот?".

Пред да дадам резиме за звукот на овие звучници, чувствувам потреба да разјаснам некои работи во врска со овој слушен тест (а и со двата претходни). Оценките на жирито главно се однесуваат на недостатоците во звукот кај тестираните Hi-Fi уреди. Тоа е така заради (скоро) недостижниот квалитет на живата музика. Hi-Fi уредите можат да бидат само помалку или повеќе полоши од живата музика. Затоа може да ви се причини дека оценките за досега тестираните уреди се постојано лоши (помалку или повеќе). Кога станува збор за овој тест, жирито беше позадоволно од квалитетот на звукот на овие звучници во споредба со првите тестирани звучници (во ЕМИТЕР 5/97), но во апсолутни мерила жирито беше далеку од вистинското задоволство. Второто објаснување повторно се однесува на оценките од жирито. Заради ограничениот простор, јас пренесувам само дел од оценките и често се случува да изоставам некоја забелешка и замерка (или пофалба), која во тој момент ја сметам за помалку важна.

Од лево кон десно, на тест беа звучниците Tannoy D 500, B&W Matrix 805 V и Jamo Concert 8

Клучни зборови:
B&W Matrix 805 V

B&W Matrix 805 V

Tannoy D 500

Tannoy D 500

Jamo Concert 8

Jamo Concert 8

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.