Електроника

Во текстот што следи ќе можете да прочитате за еден доста квалитетен HI-FI излезен аудио засилувач. За разлика од претходните проекти на HI-FI излезни аудио засилувачи објавени во претходните броеви на “ЕМИТЕР” (кои исто така беа доста квалитетни) во овој напис ќе дадеме и конкретно решение за вградување во кутија. Се надеваме дека со тоа ќе помогнеме на помалку искусните самоградители.


Аудио и видеотехника

Во првиот слеп слушен тест на звучници (ЕМИТЕР 5/97) жирито даде просечно добри, до слаби оценки на тестираните звучници. Меѓутоа, тоа не се должи толку на слабиот квалитет на тестираните звучници. Едноставно, од звучник со цена од околу 1000 марки и не може да се очекува подобар звук. Правилото "колку пари - толку музика" е најизразено токму кај звучниците. За овој тест избрав три пара звучници со цена меѓу 2100 и 2400 marki, па очекував дека жирито овојпат ќе биде многу задоволно. Арно ама...


Телекомуникации

Основните принципи на целуларните системи беа поставени уште во 1949 година во лабораториите на Bell, но технологија не овозможуваше комерцијална употреба се до осумдесетите години. Во текот на следните години во повеќе земји (Велика Британија, Скандинавските земји, Германија и Франција) беа изградени различни системи. Првите целуларни системи беа аналогни системи. Кон деведесетите години се појавија и дигиталните целуларни системи меѓу кои спаѓа и европскиот GSM (Global System for Mobile Comunnications) за кој спецификациите за првата фаза беа издадени 1990 година.


Електроника

Покрај познавање на теоријата и практиката од разни области на електрониката секој електроничар треба да има и добри познавања на мерната опрема и мерните постапки. Меѓутоа голем дел од електроничарите, особено почетниците, не ја познаваат доволно оваа проблематика, па од тука произлезе потребата за овој серијал. Во претходниот број се запознавме со основната теорија за мерењата - што е мерење, какви грешки може да настанат при мерењето и како се претставуваат измерените величини. Во овој број ќе дадеме краток опис на најчесто користените инструменти во електрониката.


Аудио и видеотехника

Ако запрашате некого кој е на било каков начин поврзан со работа во тонско студио или радио станица, кое е најголемото техничко достигнување што последниве десеттина години влегло во студио, веројатно најголемиот број ќе ви одговорат - Mini Disc.


Електроника

Во минатите броеви опишани се сите команди од TANGO SCH едиторот, како и практичен пример за цртање шема. Во самиот SCH едитор е вграден и LIBRARY едитор, кој се користи за креирање на нови, или за модификација на постоечките елементи во библиотеките. Голем број на команди од главното мени на LIBRARY едитор се користат на ист начин како и во SCH едиторот (затоа нема да бидат повторно опишани).


Аудио и видеотехника

Без разлика за кој дел од аудио индустријата станува збор, постои еден производ кој секаде е присутен и баран, а тоа е компакт касетата. Без оглед на нејзината содржина таа е присутна во секој сегмент од процесот на создавање на аудио производот. Почнувајки од демо снимките и грубите миксови па сé до конечниот производ масовно умножен и наменет за продажба. Од тука се наметнува проблемот за брзо и квалитетно умножување на поголема количина на касети.


Електроника

Многубројните интегрирани засилувачи овозможуваат едноставна изведба на засилувачи на моќност со ИК. Едно од нив е и ИК LM 3876 кое овозможува излезна моќност од 43 W sin/ 8 оми. LM 3876 е член на фамилијата "Overture", развиена од "National Semiconductor". Членовите на оваа фамилија се меѓусебно компатибилни во распоредот на пиновите и функциите, а се разликуваат во максималната излезна моќност. Во овој напис ви прикажуваме една основната изведба на засилувач со ова коло.


Електроника

LM3915 на National Semiconductors во себе содржи се што ни е потребно да направиме едноставен, а сепак мошне прецизен, мерач на излезна моќност. Единствена мана, ако може така да се нарече, колото има во фактот дека за својата работа бара посебно напојување.


Уводник

Со овој број на ЕМИТЕР прославуваме еден мал јубилеј - 20 објавени броеви и две години постоење. Пред две години кога започнавме многумина не веруваа дека ЕМИТЕР ќе опстане толку долго. Да бидеме искрени, не верувавме ни ние, меѓутоа се надевавме и работевме на тоа ЕМИТЕР да не биде едно од многуте македонски списанија со краток век, туку редовно да излегува и неговиот квалитет да биде што подобар. Иако планиравме многу повеќе, од досега направеното главно сме задоволни.


Електроника

По повеќегодишната експлатација на автоматската телефонска секретарка (објавена во ЕМИТЕР 12/96 и првонаградена на конкурсот), во текот на преслушувањето на пораките, ми се јави потреба да знам во кое време е оставена некоја порака. Во прво време не го продлабочив проблемот сметајки дека и готовите електронски секретарки со комерцијална намена ја немаат оваа можност. Но тоа не значеше и нерешливост на проблемот.


Електроника

Широката примена на Ni-Cd батерии денес, се должи пред се на можноста за нивно полнење и до 1000 пати. Ако се има во предвид цената која е за 3-5 пати поголема од онаа на класичните, станува јасно зошто нивната употреба економски е оправдана, особено кога се користат во уредите за секојдневна работа на терен. Овде прикажаниот полнач на Ni-Cd батерии овозможува оптимална и сигурна употреба на овие батерии.


Електроника

Во ЕМИТЕР 5/97 објавивме информација за излегувањето на книгата “Мерење на тонската модулација” од Миле Серафимовски која, пред се, е наменета за техничкиот персонал во тонските студија и радио и ТВ станиците. За да може поширок круг на читатели да се запознае со оваа проблематика авторот од својата книга подготви извадоци што ги објавуваме во неколку продолженија.


Електроника

Од ден на ден, бројот на аналогните уреди што се заменети со дигитални, е поголем. Верувам дека секој електроничар има направено аудио засилувач, меѓутоа мал е бројот на тие што го направиле засилувачот со дигитална контрола. Обидот за правење на квалитетна контрола со футуристички изглед од типот на контроли како во филмот Star Trek, престанува кога доаѓа време да се заменат потенциометрите и преклопниците со дигитални кола.


Електроника

Секој што имал потреба некогаш да закова шајка во ѕидот се соочил со опасноста да ја прекине жицата од инсталацијата или да доживее струен удар поради пробивање на изолацијата на инсталацијата. Но ова може да се избегне со користење на уредот кој што е опишан во овој текст. Овој уред се користи за да се одреди дали во близина на местото каде сакаме да заковаме шајка има некоја жица. Со тоа се избегнува опасноста од струен удар или прекинување на мрежната жица.


Електроника

Примената на колото секојдневно ја среќаваме на влезот на некои продавници. Тоа е она ѕвонче кое го известува сопственикот за доаѓањето на муштеријата. Ова коло е виновно за откривање на вашето присуство пред автоматските врати. Објекторот може да се постави и како сензор во вашата куќа. Посебно доколку во станот имате место кое сакате да го заштитите од љубопитноста на вашето дете, слободно опуштете се.


Телекомуникации

Доколку сакаме во домашна атмосфера да уживаме во благодетите на “стариот добар” радио приемник, во тој случај ќе ни треба приемник со големи димензии, добар звук и префинет естетски дизајн. За таа цел, ние ви го препорачуваме - Radio Shack Desktop DX-394.


Електроника

Високофреквентното струјно засилување на транзисторот зависи од еднонасочната поларизација при која тој работи. Максималното засилување се постигнува при една одредена вредност на колекторската струја. Ова просто коло е конструирано за да ја одреди оптималната колекторска струја за секој NPN високофреквентен транзистор.


Електроника

Еве една мошне едноставна шема за сите оние кои во своите возила немаат фабрички вграден индикатор за состојбата на акумулаторот во своето возило. Индикаторот е мошне едноставен за изработка, а користа од него е многукратна, зашто возачот во секој момент ја знае состојбата на својот акумулатор па спрема него може да ја прилагоди и потрошувачката на електрична енергија во своето возило а со тоа и да го продолжи векот на акумулаторот.


Електроника

Колата кои се користат за заштита од превисоки напони најчесто ги среќаваме во праксата. Неопходноста од вакви кола се јавува кога елементите кои се користат во колото кое го напојуваме се осетливи на напонот кој може да се јави на влез доколку откаже колото за стабилизација. Освен од превисокиот напон преоптоварувањето може да настане и од голема моќност која може да се развие на излезниот елемент доколку дојде до зголемување на напонот на напојување.


Омнибус

Правила за натпреварите: IARU HF WORLD - Championchip, Europian Championchip, IOTA - Contest (Islands on the Air);
Занимливости - Извадоци од монографијата "50 години Радио сојуз на Македонија почетоци, развој, достигнувања" од Перо Ивановски, Z31DA;
Календар на КБ - натпревари;
Македонски рекорди во WPX КБ натпреварите - CW;


Омнибус

HI-FI информации: Засилувачи: Cambridge Audio A3i, Marantz PM 66SE, Звучници: B & W Matrix 804, JBL L 40A, Tannoy D 300, Повторно звучници: Platinum Audio Air Pulse 3.1, Modernica Sound Imersion Chair;
34-ти Републички натпревар...;
Сигурни чип картички;
Keeloq кодери и декодери;
Мобилна технологија преку сателит;
Интел и понатаму прв;
Дигитална ТВ;
Дигитална POV камера;
Интелегентни микромашини;
MDS - B5;


Писма
Гасна цевка и иницирачки трансформатор за стробоскоп
Како до плочка со печатено коло