Емитер 7-8/1997.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Широката примена на Ni-Cd батерии денес, се должи пред се на можноста за нивно полнење и до 1000 пати. Ако се има во предвид цената која е за 3-5 пати поголема од онаа на класичните, станува јасно зошто нивната употреба економски е оправдана, особено кога се користат во уредите за секојдневна работа на терен. Овде прикажаниот полнач на Ni-Cd батерии овозможува оптимална и сигурна употреба на овие батерии.
Понуденото решение е предвидено за полнење на две Ni- Cd батерии со капацитет од 1200mAh. Со мали измени, истото може да се искористи и за полнење на повеќе батерии со ист или различен капацитет.
Од самиот наслов може да се насети дека станува збор за полнач со вградена автоматика, која го прекинува процесот на полнење во моментот кога батериите ќе бидат полни. Благодарение на неа, исклучена е можноста од “преполнување” на батериите, со што значително се продолжува нивниот работен век. Со обичните полначи кои немаат вградено ваква автоматика, често доаѓа до преполнување како резултат на подолгото полнење од пропишаното (обично 14 часа). Истото може да се случи и кога полнењето е во рамките на пропишаното, но батериите што ги полниме се делумно, а не целосно испразнети.
Струјата со која се полнат батериите се одредува според нивниот капацитет и тоа како 1/10 од капацитетот на полната батерија. Во нашиот случај полнењето е со константна струја од 120mA, кое трае се додека напонот на двете батерии (врзани во серија) не достигне 2.94V, односно 1.47V по батерија. Напонот од 1.47V е всушност напон на полна батерија.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.