Рубрика: Електроника
Ултрабрз полнач на NiCd и NiMH батерии со термичко прекинување на полнењето
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Пред вас е ултрабрз полнач на батерии кој со сигурност "до врв" ќе ги наполни, а при тоа нема да ги оштети. NiCd и NiMH батерии со капацитет од 2000mAh ќе бидат целосно наполнети за само половина час. Полнењето е со извор на константна струја, а процесот на полнење завршува при надминување на термичкиот праг. Постои и можност за континуирано надополнување после завршувањето на полнењето.

Батерии...полначи... тема неисцрпна. На прв поглед банална, но, сепак, интересна. Кога некој можел да напише 1800 страници за батерии и полначи (Batteries and chargers encyclopedia, McGraw-Hill), зошто не би можеле и овој пат кратко да се навратиме на еден малку поинаков полнач од досегашните, ултрабрз полнач со термички начин на прекинување на полнењето. Иако не сум љубител на полначи со брз начин на полнење, затоа што со нив се намалува животниот век на батериите, овој пат мораше да се направи компромис, бидејќи брзото полнење беше императив. Имено, потребен е полнач кој ќе полни една до шест NiCd батерии кои им се потребни на членовите на Аероклубот од Битола за "палење" на ракетни мотори или како енергија за движење на моторите на моделите на авион. Единствениот извор за напојување на "зелениот" терен е напонот на акумулаторите од 12V од автомобилите со кои членовите на Аероклубот пристигнуваат на теренот.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК404
ИК: LM338K и LM311H;
транзистор: IRFZ44N
 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.