Иако основните физички закони не водат сметка за насоката на времето, туку функционираат еднакво добро во двете насоки на времето, кон напред или кон назад, нашиот универзум е, сепак, временски асиметричен. Физичарот Зин Карол ја смета таа асиметрија за неприродна и предлага модел според кој нашиот асиметричен универзум е само мал дел од еден огромен, симетричен мултиуниверзум, во кој циклички перманентно се "раѓаат" нови субуниверзуми.