Рубрика: Електроника
Дигитален топломер
Автор: Славко Стојковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во речиси секоја куќа може да се најде по некој топломер. Најчестите топломери кои можат да се најдат во нашите домови се исполнети со жива или со алкохол. Овие топломери се одликуваат со релативно ниска цена за нивна набавка. Бидејќи цената на електронските компоненти е многу падната, за општа употеба полека на голема врата доаѓаат и електронските мерачи на температурата.

За разлика од класичните, електронските термометри се многу посложени. Влезот на електронскиот мерач на температурата е сензор на кој во зависност од температурата се менува еден од параметрите - најчесто отпорот или напонот. Добиената вредност се обработува со помош на електронски склоп и на крајот се доведува на влезот од дигитален мерен инструмент (дигитален унимер) каде се отчитува измерената големина (вредност). Често се мисли како дигиталниот дел за мерење е најскап, но во праксата не е така. Со големиот развој на технологијата за изработка на овие дигитални мерни инструменти, многукратно им ја намалија цената. На нашите пазари и продавници за електроника, вакви дигитални унимери можат да се најдат и за цена пониска од 300 денари. За изработка на поквалитетен мерач на температурата потребен е само сензор и електронски склоп со кој влезната големина ќе се претвори во напон, кој потоа треба да се измери со дигиталниот унимер.

Технички карактеристики:

Мерен опсег: -30°C до +120°C; Фактор на конверзија:1mV = 1°C Резолуција: 0,1°C

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК406
ИК: TL431

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.