Рубрика: Телекомуникации
Радиоаматеризам
Автор: Владимир Ковачески
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


На страниците на "ЕМИТЕР" по неколкугодишен прекин повторно се навраќаме на радиоаматеризмот. Во текстот што следува дадена е куса презентација на радиоаматеризмот за истиот да се приближи до пошироката читателска публика, со цел ова хоби да се посочи како активност којашто, и покрај експанзијата на информатичката технологија и мобилната телефонија, сä уште нуди големи можности за техничко образување и усовршување, забава и рекреација на сите генерации.

Радиоаматеризмот е хоби чиишто почетоци датираат уште пред повеќе од сто години. Под "аматеризам" не треба да се подразбира нестручност, туку само означува дека станува збор за занимавање со радиокомуникациите како хоби, заради лично задоволство, и без мотив за лична материјално-финансиска заработка. Не е мал бројот на радиоаматерите коишто истовремено се врвни професионалци во областа на електрониката, радиокомуникациите, информатичката технологија и други технички области.
Со текот на времето радиоаматеризмот претрпувал промени главно сврзани со развојот на технологијата, но неговата суштина останала иста.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина