Рубрика: Информатика
Бекап со вградена Windows алатка
Автор: Бранко Атанасовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Оперативниот систем Windows XP доаѓа со вградена алатка наречена Backup Utility, чија намена е правење бекап (backup - резервна копија) на датотеките од системот. Старо правило е дека корисниците помислуваат за правење бекап на податоците веднаш откако штетата веќе ќе биде направена, односно кога веќе е доцна за тоа. Затоа, оваа процедура ја препорачувам на сите оние кои на својот компјутер имаат важни податоци и не смеат да си дозволат нивно уништување од која било причина. Во овој напис детално и чекор по чекор ќе ве запознаам со постапката на правење бекап со помош на оваа и тоа како корисна алатка.

Пред да започнете да посочам на неколку, според мене, важни забелешки. Ако имате инсталирано Windows XP Profesional, тогаш бекап софтверот автоматски е инсталиран. Оние кои ја користат Windows XP home Edition верзијата, ќе треба да извршат дополнителна инсталација (види посебна рамка).
Во принцип, бекап софтверот може да се користи во два начина на работа:
- преку користење на волшебникот за креирање на бекап - рачно изведување на процедурата,
- во напреден начин (адванцед моде) за креирање на скрипта која ќе го упрости бекап процесот, односно автоматско активирање на процесот на одреден временски период.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.