Емитер 2/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Оваа година ќе го славиме првото набљудување на Галилео Галилеј низ телескопот пред точно 400 години, настан кој има одиграно значајна улога во научната и технолошката револуција.
Годината што започна на 1. јануари е многу значајна за астрономијата - 2009 година е прогласена за Меѓународната година на астрономијата. Оваа година ќе го славиме првото набљудување на Галилео Галилеј низ телескопот пред точно 400 години, настан кој има одиграно значајна улога во научната и технолошката револуција. 135 нации од целиот свет соработуваат заеднички да ја промовираат астрономијата и нејзината улога во општеството и културата, со настани коишто ќе се одржуваат на регионално, национално и глобално ниво, со цел да го доближат универзумот до луѓето на Земјата.
Во организацијата и реализирањето на годината на астрономијата може да учествува секој со желба да научи нешто повеќе за убавините на астрономијата, или, пак, сака своето знаење да го пренесе на други. Како може и вие да учествувате? Преку соработка со Македонското и Скопското астрономско друштво, кои се официјални организатори на овој настан за Македонија, може и вие да се вклучите во организацијата или помошта при која било од активностите коишто ќе бидат набројани и објаснети во продолжение. Во одбележување на годината на астрономијата во Македонија веќе се вклучија и младинската мрежа Блу Скај и списанието ЕМИТЕР. За повеќе информации околу годината на астрономијата посетете го следниов линк http://sites.google.com/site/iya2009macedonia/. Сите сте повеќе од добредојдени да учествувате во организацијата и помошта околу оваа астрономска година. Обединетите нации со официјална резолуција во декември 2007 ја прогласија 2009 за Меѓународната година на астрономијата (МГА2009), по иницијатива на Италија, и со главни организатори во светски рамки: Меѓународната астрономска унија (МАУ) и УНЕСКО. Со толку многу настани коишто ни претстојат МГА сигурно ќе ви помогне да ја "Откриете вселената".
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.