Рубрика: Електроника
Електронска брава
Автор: Георги Ефтимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Електрична шема на кодираната брава

За влегување во објекти со ограничен пристап, наместо брава со клуч, честопати се користи брава со пристапен код. Кодот може да биде мемориран на картичка или во главата на корисникот. Ова второто звучи напорно, но затоа е евтино и лесно може да се реализира.

Електронските кодирани брави може да се изработат на повеќе начини. Мислам дека наједноставен начин е реализација со тастатура и соодветна логика која овозможува хардверски избор на пристапниот код. Токму таква е електронската брава прикажана во оваа апликација. Таа може да се поврзе со која било тастатура, а за нејзина изработка доволни се само две широко распространети CMOS интегрирани кола и десетина дискретни компоненти. Пристапниот код со кој се активира бравата се состои од четири цифри (тастери), а ако тоа е тешко за помнење бројот на цифри во пристапниот код може де се намали. Пристапниот код се внесува со притискање на тастерите по даден редослед. Нередоследното притискање на тастерите едноставно се игнорира. Сите цифри, односно тастери кои не се дел од пристапниот код даваат дополнителна заштита од несакано отворање. Со притискање на кој било од овие "лажни" тастери логиката за прифаќање на пристапниот код се поставува во појдовна положба.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК405
ИК: CD4081 и CD4001
 
Електрична шема на кодираната брава

Електрична шема на кодираната брава


 Електронската брава во изведба на Јован Шикалоски од Охрид

 Електронската брава во изведба на Јован Шикалоски од Охрид

 Електронската брава во изведба на Јован Шикалоски од Охрид

 Електронската брава во изведба на Јован Шикалоски од Охрид

 Изработената плочка за електронската брава во изведба на Јован Шикалоски од Охрид

 Изработената плочка за електронската брава во изведба на Јован Шикалоски од Охрид

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.