Рубрика: Електроника
Електронска брава со временско ограничување
Автор: Георги Ефтимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


За изработка на оваа електронска брава се потребни три широко распространети CMOS интегрирани кола и десетина дополнителни компоненти. И покрај едноставноста, во изведба со десет тастери, таа се активира со една од илјада можни комбинации на пристапниот код.

Можеби најголем недостаток на претходно објавената електронска брава (ЕМИТЕР 2/09 "Електронска брава") е можноста за активирање со истовремено притискање на сите четири тастери за внесување на пристапниот код. Кај оваа брава тој недостаток е елиминиран. Наредниот тастер за внесување на пристапниот код колото не го детектира, сè додека не се отпушти претходниот тастер. Благодарејќи на оваа карактеристика, колото овозможува повеќекратно користење на ист тастер за реализација на пристапниот код. Освен тоа, постои временско ограничување за внесување на пристапниот код. Ако наредниот тастер не се притисне во даден временски интервал по отпуштањето на претходниот тастер, бравата автоматски се поставува во појдовна положба. Пристапниот код кај основната изведба на оваа електронска брава е составен од 3 цифри, што значи дека бравата се активира со една од илјада можни комбинации на пристапниот код. Со меѓусебно поврзување на две кола и неколку дополнителни компоненти бројот на цифри во пристапниот код може да се зголеми, а со тоа да се зголеми и бројот на можни комбинации за отворање на еден милион.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1019
ИК CD4017, CD4023 и CD4073;
Транзистори BC557, BC517
 
Клучни зборови:

Шема на поврзување на плочката со цифрена тастатура со десет тастери.


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.