Рубрика: Информатика
Ch, резултати сега и веднаш
Автор: Кирил Крстевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Дали сакате да работите во C/C++ заобиколувајќи ги гломазните IDE-а, а при тоа вашите програми да бидат исто толку ефикасни, па дури и поефикасни во некои области? Прочитајте го овој текст и сами одлучете.

Обично, кај програмските јазици се користи класичниот систем: orедитор > компајлер > линкер. Во едиторот се пишува изворниот код; компајлерот го преведува изворниот код во таканаречен објектен код. При тоа се добиваат .o датотеки. Потоа линкерот ги поврзува овие датотеки со веќе преведени библиотеки и како резултат на тоа настанува .exe датотека, која претставува комплетен независен програм кој ќе работи на секој систем.
Ch е C/C++ интерпретер продукт на фирмата Softinegration. Тоа е програма која како влез има датотека напишана на C/C++ изворен код, ги обработува линиите на изворниот код и веднаш ги извршува командите. Ch програмите не може да работат како самостојни програми, туку на системот треба да биде инсталиран интерпретерот. За сметка на тоа се избегнува процесот на преведување (компајлирање) и линкување кои обично, се извршуваат од гломазни IDE програми.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.