Емитер 2/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во првото продолжение на ова мини - дводелно издание за основите на композицијата, видовме како основните композициски техники можат да го направат едно ликовно дело благопријатно за нашето сетило за вид. Но, композициски техники има многу, ние ги обработивме само оние кои се општо прифатени, односно прифатени од повеќето ликовни уметници. Причините зошто некои ликовни дела остануваат длабоко врежани во нашата меморија не можат да се сведат на само неколку стереотипни примери на композиција, но од некаде треба за се започне!
Повеќето славни уметници имаат своја специфична композициска техника која ги разликува од другите. Некои претпочитаат да ја фаворизираат бојата и текстурата, некои просторот и перспективата, а некои да вметнуваат елементи на хаосот во своите дела. Впрочем, секоја техника која е имплементирана во некое дело со одредена намера, може да покажува специфични композициски својства. Друга работа е тоа дали истата ќе наиде на одобрување кај публиката, односно критиката. Јас, на пример, би ги фаворизирал следните неколку специјални композициски техники, кои некој друг би ги отфрлил како небитни. Тоа првенствено се: наполни го кадарот, кадар во кадар, не ампутирај и тивко и јасно.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.