Рубрика: Фототехника
Филтри за црно-бела фотографија
Автор: Елена Бојаџиева-Цветковска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во последно време стануваат актуелни црно-белата фотографија и работењето со аналогна технологија. Ако вие сте едни од идните корисници на аналогна фотографија, филтрите се задолжителен прибор во вашиот фотографски сет.

Во секој фотографски каталог би се сретнале со различен дополнителен фотографски прибор кој може да се употреби заедно со фотоапаратите. Едни од основните додатоци кои најчесто се користат при фотографирање со црно-бел негатив се светломер, неколку филтри, сенило пред објективот и добар статив. Филтрите се обоени стакленца во метална рамка, кои се поставуваат пред објективот. Тие успеваат да филтрираат одредени бои, т.е. ја пропуштаат бојата идентична со сопствената, а ја задржуваат спротивната на себе. Кога фотографираме со црно-бел негатив, боите во природата се претвораат во сиви тонови со различна густина. За да бидат сивите тонови пореални за нашето око, ги коригираме со помош на филтрите. Фотографијата се смета за коректна кога секој тон има одредена вредност во сивата скала. При фотографирање со филтри, некои бои ќе станат посветли, а некои потемни од боите кога би фотографирале без филтер.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.