Емитер 5/1999.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Овие денови многу често се користи терминот радио локатор. Ова е уред, кој со сигналот што го емитува одбележува некоја локација. Како и сите други и овој уред може да се злоупотреби за воени цели и жално е што токму вака најголем број од нас дознаа за постоењето на ваквите уреди. Уредот, кој ви го претставуваме, е срцето на еден радио локатор. Со него може да се открие точно за кој радио локатор се работи. Автоматскиот јавувач на повикувачки знак без прекин го повторува својот повикувачки знак, претставен со морзеовата азбука. Решението за кое ќе стане збор во понатамошниот текст е замислено како програмабилно и универзално.
Во почетокот на годинава се јави потреба да се провери можноста за поврзување на одделни делови од нашата земја со микробранови предаватели. Оваа потреба во последно време станува се позначајна, а се покажа како целосно непрактично за оваа цел да се користи говор, како модулирачки сигнал. Карактеристиките на говорот и потребниот сигнал за сигурно одредување на соговорникот се целосно неприфатливи за овој вид мерна опрема. Се разбира лицето кое го однело предавателот (радио локатор), најчесто по повеќе од 5 часа искачување на планина, треба да е многу расположено да зборува. Нагодувањето во одредени услови може многу да се оддолжи, а со тоа и времето за зборување. Доколку и овој проблем некако го решите, ако замете придружничка со себе, сепак останува проблемот таа да зборува со исто ниво за цело време на нагодувањето на врската. Доколку сѐ уште не сте се откажале треба барем еднаш да го сторите ова за дефинитивно да се одлучите за решението, кое се покажа како мошне елегантно.
Автоматскиот јавувач на повикувачки знак е многу сигурен и едноставен уред, чиј сигнал може многу лесно да се разликува од сите останати. Основно барање кое се постави пред уредов е лесното менување на пораката и сигурно работење и при лоши временски услови. Како една од карактеристиките, која се подразбираше, е дека пораката треба да остане и по прекинување на напојувањето. За решавање на проблемот се одлучив за добро познатите EPROM-и од серијата 27Cxxx. Решението е толку општо што може да ги користи скоро сите претставници од оваа серија. Со таа напомена дека се користат 4096 Byte во најгорниот дел на меморијата на EPROM-от.
Ова решение работи во сите временски услови заради својата целосно дигитална конструкција и заради фактот дека сите CMOS кола се предвидени да работат во опсегот од –45 до +85ºC, а и EPROM-ите добро се снаоѓаат на ниски температури.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.