Рубрика: Електроника
Ловец на богатство
Автор: Георги Ефтимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Овој едноставен и евтин индуктивно балансен детектор на метал може да детектира паричка со дијаметар од 25mm на растојание од 240mm. При тоа може "да разликува" купче железо од мала паричка од месинг, сребро или злато. Направете го и тргнете во лов на закопаното (или изгубеното) богатство.

Две основни причини поради кои малкумина поседуваат детектор на метал се цената и комплексноста. Цената на добар фабрички детектор е поголема од 150 евра. Од друга страна, комплексноста, посебно механичката конструкцијата, претставува сериозен предизвик за сите што сакаат сами да го изработат. Евтините детектори со едноставен дизајн може да послужат за забава, но тие се нестабилни, немаат длабока пенетрација и се наклонети кон детекција на чисто железо. Со еден збор, не се погодни за сериозно пребарување. Благодарејќи на дигиталната технологија, барем од електрична гледна точка, овој детектор на метал е навистина едноставен и евтин.

И покрај едноставноста, тој ги има сите добри карактеристики на скапите, фабрички изработени индуктивно балансни детектори. Кога е добро нагоден, неговиот одѕив на паричка од месинг со дијаметар од 25mm на различни растојанија е следен: 160mm - јасен "пеечки" тон, 200mm - јасен тон, 240mm - одвај препознатлив сигнал. Мали метални објекти без проблем може да детектира на растојание од 35mm, а големи немагнетни објекти на растојание од половина метар и повеќе. Сепак, треба да се има предвид, дека овие податоци се однесуваат за објекти во воздух. Во земја тие може да бидат полоши, бидејки длабочината на пенетрација во голема мера зависи од процентот на метални минерали во земјата. Значајна карактеристика на овој детектор е неговата способност да го игнорира присуството на чисто железо и тенки метални фолии. На исто растојание во воздух, одѕивот на тенка метална фолија е двојно послаб од одѕивот на паричка од месинг со димензии како металната фолија. Тоа се должи на ниската фреквенција на која работи детекторот, со што се избегнува појавата на "скин ефект". Освен тоа, ако двете намотки се добро позиционирани, детекторот успешно ги игнорира крупните парчиња чисто железо. Паричка од месинг со дијаметар од 25mm за детекторот изгледа исто како куп старо железо со5 тежина дваесетина пати поголема тежината на паричката. Ова е исклучително поволно кога се оди во потрага по ситни парички и благородни метали.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК304
ИК: HCF40106, TL072
 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.