Рубрика: Електроника
Тестер за UTP кабли
Автор: Влатко Костадиновски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2006.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Изработениот прототип – тестер за UTP кабли

Практична алатка за утврдување на исправноста на УТП каблите за мрежно поврзување на компјутерите, но исто така наоѓа примена и во пронаоѓањето на вистинскиот кабел кога сме соочени со "џунгла" од кабли кои на лик се идентични. Моја препорака е да го проверите кабелот веднаш по монтирањето на конекторите, значи пред да го ставите во употреба, со што ќе бидете на сигурно дека најбаналната работа - кабелот, е во ред. Со оглед на различниот (не)квалитет на грип-клештите, не е чудно наједноставната работа – монтажата на конекторите да излезе јалова.

Уредот се состои од два дела коишто се приклучуваат на краевите од кабелот што е предмет на испитување. Првиот дел, TX, испраќа сигнали во кабелот, на секоја жица поединечно и последователно по одреден редослед. Вториот дел, RX, е приемник на сигналите, и на него визуелно со помош на 8 LED диоди се отчитува состојбата на кабелот. Тестерот може да ги  детектира трите вида на грешки во UTP кабелот:

1. Погрешен распоред на конектирање

2. Куса врска меѓу жиците

3. Прекин

Наменет е за испитување на стандарден Straight-thru мрежен кабел, но може да се испитува и Crossover кабел со тоа што редоследот на палење на LED диодите ќе биде поинаков. 

Напојување на уредот се врши од стандардна 9V батерија, и при потрошувачка од само 5mA, таа навистина долго ќе ви трае.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК129
Печатена плочка: ППК130
 
Клучни зборови:
Изработениот прототип – тестер за UTP кабли

Изработениот прототип – тестер за UTP кабли фото: ЕМИТЕР

Изработениот прототип – тестер за UTP кабли

Изработениот прототип – тестер за UTP кабли фото: ЕМИТЕР


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.