Рубрика: Електроника
Четириканален аудиозасилувач за во автомобил
Автор: Добре Блажевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2004.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Засилувачите за во автомобил отсекогаш биле предизвик. Доброто озвучување во автомобилот е желба на многу возачи. Во овој број ви нудиме засилувач за во автомобил изграден со употреба на најновите достигнување во електронската индустрија.

За градба на автомобилскиот засилувач овој пат ќе биде употребено интегрираното коло TDA7375A. Ова интегрирано коло претставува засилувач од класата АБ. Наменето е за изградба на засилувачи за во возило и тоа како четириканални или стерео. Се одликува со одлични карактеристики.

Првата добра работа кај ова интегрирано коло е напонот на напојување. Доволно е напојувањето од автомобилскиот акумулатор, што значи дека не е потребна изработка на дополнителни склопови за напојување. Напонот на напојување може да се движи во границите од 8 до 18V. Благодарејќи на новите технологии, ова интегрирано коло се одликува со одлична стабилност. Токму поради тоа нема потреба од употреба на дополнителни надворешни компоненти за таа намена. TDA7375A има и низа вградени заштити, како што е заштитата од спој на излезот со маса, спој на излезот со напонот на напојување, заштита од клипување и термичка заштита.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК917
ИК: TDA7375A
 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.