Емитер 7-8/2006.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Бар-генераторот е неопходен инструмент за секој ТВ-сервисер, но за жал тој е доста скап. Нашиот проект за самоградба ги решава овие проблеми. Тој е направен со популарниот микроконтролер PIC16F84 и видеоенкодерот MC1377 и е способен да дава композитен видеосигнал со неколку тест-слики: ленти во боја, растер, квадрати, точки...
Намерата на овој проект е да се конструира еден бар-генератор со композитен излез, кој може да биде употребен како поучна алатка во видеообласта, а исто така, и како лабораториски инструмент корисен за сервисирање и нагодување на телевизиски приемници. Овој инструмент во никој случај не е конструиран да биде во комерцијална употреба, бидејќи не може да се даде гаранција за сите карактеристики што еден професионален уред би требало да ги има. Но, и покрај тоа крајниот резултат од овој проект е еден висококвалитетен колор бар-генератор погоден за сервисирање на ТВ-приемници.
Во овој напис ќе ги најдете неопходните информации, дијаграми и слики за да конструирате еден видеогенератор што навистина работи одлично. И тоа е сè. Ако е сè на свое место уредот ќе работи како што очекувавте, од самиот почеток. Единствено нагодување што можеби ќе треба да го направите е да ја нагодите фреквенцијата на подносителот на бојата – нагодувајте го тримерот C19 сè додека на некој квалитетен и исправен ТВ-приемник не добиете чиста слика во боја. Едноставно, нели?
Се надевам дека обој проект ќе ви биде од корист.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.