Рубрика: Електроника
Електронско палење
Автор: Георги Ефтимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2000.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Склоповите за електронско палење претставени во овој проект се наменети за вградување во сите автомобили со бензиски мотор кои имаат палење преку класичен разводник на палењето и активирање преку механички разводник (платина).

Класичното палење е составено од минимум елементи и од таа гледна точка навистина е сигурно во работата. Платината, управувана од коленастата оска (преку разводната оска) во одредени временски интервали, во зависност од бројот на вртежи на моторот, ја прекинува струјата низ примарната намотка на индуктивната намотка (бобина). Поради самоиндукција во секундарната намотка се генерира висок напон кој преку разводната капа се носи на свеќичките. Високиот напон што се добива на свеќичките е доволно голем (при преносен однос на бобината од 1:100 изнесува околу 13kV) за да предизвика прескок на искра помеѓу електродите на свеќичките. Енергијата на искрата од околу 45mWsek се акумулира во магнетното поле на бобината.

Енергијата на искрата зависи и од брзината со која се прекинува струјното коло на примарната намотка на бобината. Самото раздвојување на контактите на платината не обезбедува моментален прекин на струјата низ примарната намотка на бобината поради појавата на искрење на контактите на платината. За да се оневозможи течење на примарната струја низ јонизирачкиот слој (искрата) на раздвоените контакти на платината, паралелно со неа е врзан кондензатор кој го впива вишокот на примарната струја, и на тој начин обезбедува нејзин брз прекин.

Електронското палење има зголемен број на елементи и, единствен негов недостаток е зголемената можност од расипување. Предностите пак се многубројни:
1.  Зголемена енергија на палењето што резултира со подобра искра на свеќичките, а со тоа и подобро согорување на горивото.
2. Непроменети услови на формирање на искрата во широк дијапазон на бројот на вртежи на моторот што е од посебно значење при голем број на вртежи.
3. Подобар старт на моторот и при најлоши услови: слаб акумулатор и ладен мотор (зимски услови).
4. Поеластична работа на моторот при мал број на вртежи и во повисоките степени на пренос, како и подобро забрзување.
5. Повеќекратно зголемен век на траење на платината како и зголемен век на траење на свеќичките.
6. Намалена потрошувачка на горивото за 3% до 7% и
7. Намалено количество на штетни издувни гасови.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК635
Печатена плочка: ППК636
 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2000. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.