Како да е некое непишано правило, или тоа е, сепак, законитост на пазарната економија, во светот на информатичката технологија, најчесто две големи компании водат битка за доминација во некоја област. Ако Интел и АМД се натпреваруваат во производството на процесори, тогаш во областа на производство на врвни графички картички, оваа борба ја водат компаниите ATI и nVIDIA.