Емитер 9/2006.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Уште со појавата на првите персонални компјутери, во областа на производство на процесори главна улога имаше компанијата Интел, која несомнено има голема заслуга во трасирањето на патот за развој во овој сегмент од информатичката технологија. Но, како што на секого му е јасно, конкуренцијата е битен елемент во создавањето на квалитетни решенија во кое било поле на човековото дејствување. Можеби во почетокот ненаметливо, но со текот на времето сé поагресивно, компанијата АМД (Advanced Micro Devices), успеа да се наметне како достоен противник на кој било конкурент во областа на процесорската технологија. Процесорите на АМД денес се исто толку моќни, а во некои области и со подобри перформанси од процесорите на Интел (со почит кон оние што не се согласуваат со мене). Долг беше патот што го помина АМД додека стигна до денешната позиција. Новата технологија АМ2, со која конечно АМД на своите процесори им овозможи работа со DDR2 меморијата, и внесе некои новини, е нешто најново што излезе од халите на овој гигант. Да погледнеме за што се работи.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.