Корпорацијата Интел денес во Лондон објави дека 5-тата генерација од Intel Core vPro семејството на процесори стана достапна на пазарот. Според производителот, овие процесори ќе им овозможат на корисниците работна околина способна за нови и брзи промени. Оваа генерација има за цел да ги задоволи потребите на зголемената мобилна и сè подинамична работна сила. Најновите vPro Intel Core процесори нудат безжични иновации, со вградена безбедност, побрзи перформанси и подобрена управливост.
Новата, петта генерација Intel Core vPro процесори е насочена кон три специфични области: дизајнерските компјутерски иновации, безжичниот екран и безжичното полнење.
Со новата генерација процесори, на бизнисите им се нуди широк избор од различни компјутерски дизајни, вклучувајќи ги тука уредите 2 во 1, ултрабук системите, ултратенките куќишта, како и мини-компјутерите, кои сега треба да понудат и до двапати подолготрајна батерија и повеќе од двојно подобрени перформанси. Притоа, новите уреди се до трипати потенки и за 50 проценти посветли од еден лаптоп компјутер од пред само четири години.
Intel Pro Wireless Display (Intel Pro WiDi) ја прави секоја презентациска и конференциска сала, зона, ослободена од секаков вид кабли . Освен што е подобрена употребливоста за бизнис корисниците со флексибилни презентерски контроли и приватноста, ги поддржува и клучните ИТ-барања, како што се безжичен канал за управување, за да се ублажатат ризиците од пренатрупаност на мрежата и безбедносни слабости, и способноста ефикасно да се ажурираат и да управуваат со адаптери.
Intel Wireless Docking на корисниците ќе им овозможи да бидат поврзани и подготвени да работат од моментот кога ќе пријдат до своето биро. Оваа безбедна и податлива, безжична технологија базирана на Intel Wireless Gigabit технологијата им овозможува на системите автоматски да се приклучат на монитори, тастатури, глувчиња и USB-додатоци и ја елиминира потребата од традиционалните механички докинг-станици.
Новите уреди 2 во 1, ултрабукот, ултратенките куќишта и мини PC уредите базирани на 5-тата генерација на Intel Core vPro процесори сега се достапни преку 12 водечки производители, а во текот на наредните недели ќе се објават и нови кои ќе го зголемат овој број.
Во прилог на иновациите на уредот и подобрување на продуктивноста на работното место, 5-тата генерација Intel Core процесори vPro обезбедат подобрена безбедност и управувачки способности на хардверот. Во пар со серијата Intel Solid-State Drive Pro 2500, ИТ-секторите може да вклучат способност за вградена енкрипција на податоците, притоа корисниците може да уживаат во паметната заштита, а никогаш да не ја почувствуваат разликата. Intel Identity Protection помага да се поедностави автентичноста и да се обезбеди правото на луѓето да имаат пристап до вистинските информации во вистинско време.
Далечинско управување преку жични и безжични мрежи и преку сите видови уреди е овозможено со Intel Active Management Technology, дури и ако на оперативниот систем е долу или уредот е исклучен.
Со отстранувањето на жиците, обезбедувањето извонредни перформанси, со продолжување на векот на батеријата, како и со изборот на оптимална форма за да се задоволат потребите на секој вработен во целиот спектар на иновативни дизајни, Интел носи оптимизирана бизнис платформа што ќе го промени начинот на вршење на работата.