Интернетот внесе промена во начинот на којшто ги следиме работите – читаме весници онлајн, купуваме книги, исто онлајн, симнуваме музика, гледаме серии филмови сè онлајн. Пандемијата, само ги забрза и дополни овие нови начини на комуникација. Така, недостатокот од реално кино дополнително ја популаризираше употребата на т.н. стриминг сервиси – Нетфликс влезе во секој дом. На овие сервиси ретко може да се најдат содржини со македонски јазик, а уште помалку од македонска продукција. Но, од денес работите се менуваат. Пристигнува GLEY – првата македонска национална стриминг платформа, а нивниот слоган – GLEY што сакаш, кога сакаш, колку сакаш – ги истакнува токму новите гледачки навики на публиката.
“Од денес на македонскиот пазар е достапна првата македонска национална стриминг платформа – GLEY, преку која се приклучуваме кон светските трендови на развој на локални и регионални СВОД (video on demand) платформи”, – рече на денешната промоција на GLEY, извршниот менаџет на СВОД Масетр, Дареко Перушевски. Како што посочи тој, “со GLEY македонските граѓани добиваат лесен пристап до најдобрата домашна и регионална продукција, детска програма, европски и холивудски филмоци и серии, кои се комплетно локализирани на македонски и албански јазик, без прекини за реклами и со имплементирана родителска заштита.”
Македонската стриминг платформа “се крчкаше” помалку од една година по истражувањето на пазарот. Понудата на стримингот се обезбедува од неколку извори: преку техничко партнерство со македонските продукциски куќи, со што се обезбедува квалитетна домашна играна и документарна програма на стримингот, преку договори со регионалните продукции како Firefly, RB,HTV, Телеком Србија, но и со помалите регионални продукциски куќи, за стекнување на правата за стриминг на нивна оригинална програма, договори со европски продукции и договори со холивудските продукции, како MGM, за стекнување на правата за стриминг на познати холивудски хитови. Она што е вистинска свежина е прикажувањето на популарните серијали од изворно македонска продукција и синхронизацијата на македонски јазик на популарните серијали од странска продукција.
На Глеј е достапен значителен број македонски филмови и серии со што се овозможува лесен пристап до домашната продукција. Така на платформата се достапни филмовите Трето полувреме, Џган, Ослободувањето на Скопје, сериите „Фамилија Марковски“, „На терапија“, „Преспав“, „Беса“...Голем дел од македонските содржини ќе бидат ексклузивно достапни на платформата, така најавена е 6 сезона на Преспав којашто ќе биде дигитално достапна ексклузивно на Глеј.
Од регионалните хитови на Глеј се достапни хрватската серија “Црно-бјели свет“, крими серијата „Тајкун“, „Клан“, … И тука ќе има ексклузивни прикажувања. Така, најавено е дека веќе во февруари на платформата ќе стане достапен серијалот “Тома”, којшто е продолжена верзија од кино-хитот на Бјелогрлиќ.
Содржините на Глеј се достапни во ХД резолуција со квалитетен звука на смарт телецизорите LG, Samsung како и на Androit TV, но и на персонални компјутери, таблети или мобилни телефони. Пристапот е овозможен преку апликациите што корисниците треба да ги преземат од Apple App Stor и Google Play Store. Пристапот се регулира со месечна претплата којашто корисникот може да ја откаже во секое време, кога сака.
Од GLEY нудат три нивоа на месечна претплата (299, 399 и 499) во зависност од бројот на уреди со истовремен пристап до платформата.
Од Глеј информираат дека сите корисници кои ќе се регистрираат до 30 ноември ќе добијат и 30 дена промотивен пробен бесплатен период на користење. Повеќе инфо и регистрација на gley.mk