Емитер 9/2006.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
"Ќе произведам автомобил со цена која ќе биде толку ниска така што ќе може да си го дозволи секој човек" - била замислата на Хенри Форд. Реализацијата на оваа идеја на Фордовите автомобили им донесе огромна популарност, а Форд Мотор Компани го направи еден од најмоќните автомобилски брендови од чии погони излегле близу 300 милиони возила присутни во повеќе од 200 држави на сите светски континенти.
Големината и значењето на Хенри Форд можеби најдобри се гледа и од тоа дека, неретко, се смета дека настанувањето на автомобилот е негово лично дело, што, секако, не е точно. Исто така, многумина сметаатдека и системот на производна лента е негов пронајдок, но овој забрзан налин на производство го користеле и други луѓе за други цели. Хенри Форд "само" ги искористил веќе постоечките методи и форми, ги прилагодил на своите потреби, а останатото е историја. Како еден од великаните на автомобилската индустрија, Форд ќе остане запаметен и со својата едноставна и генијална изјава дека "најдобар автомобил е новиот автомобил", која и денес на многу луќе им го олеснува изборот на својот иден автомобил.
Брошура за понудата на Ford T модели од 1924 година
Моделот Т е особено значаен по тоа што тој е првиот автомобил кој започнал да се произведува на подвижна лента, принцип кој веќе бил застапен во некои други производни гранки, но не и во автомобилската. Со ваквиот начин на производство не се започнало веднаш по прикажувањето на овој автомобил, туку во летото 1913 година. Предностите од воведувањето на овој начин на производство биле огромни, а најдобро се согледуваат низ следниве бројки: ако за еден автомобил произведен според дотогаш вообичаениот начин биле потребни речиси 12,5 часа, со примена на системот на подвижна производна лента времето драстично се скратило и изнесувало неверојатни 1 час и 33 минути! Што значело тоа за реализација на големите планови на Форд, не треба посебно да се истакнува. Доволно е да се констатира дека Форд Компани прераснува во индустриски гигант кој своите производни капацитети ги проширува насекаде низ светот.
Во 1999 година, релевантно жири составено од автомобилски новинари од целиот свет го прогласи моделот Т за автомобил на столетието.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.