Емитер 9/2006.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Видот и слухот се наши постојани придружници во секојдневниот живот. Светлинските и звучните бранови се бранови движења, но имаат различна физичка природа. Затоа и сетилата за вид и за слух се различни. Окото и увото како приемници имаат конструкција приспособена за физичките особености на светлината и на звукот. На ниедно од овие сетила не може да му се даде предност, бидејќи тие претставуваат неопходна потреба за нормално одвивање на човечкиот живот. Поради нивната различна физичка природа записот на сликата и на звукот при снимање на филмовите се врши на одвоени ленти, што го наметнува проблемот на синхроност помеѓу нив.
Во зачетокот на филмската уметност не постоела потреба од синхронизација помеѓу сликата и звукот затоа што сè уште не биле пронајдени соодветни начини за запис на звукот; постоел само немиот филм, само немата слика. Уште Едисон во почетокот на минатиот век се обидувал да го искористи механичкиот запис за звукот, и уште тогаш се поставувал проблемот на синхроност помеѓу сликата и звукот. Подоцна, со појава на оптичкиот запис на звукот, а особено на магнетниот, со озвучување на филмовите, проблемот на синхроност се решава на разни начини, од кои најпознат е неопилотскиот систем проследен со перфорација на магнетната лента. При обработка на филмскиот звук истовремено работат, покрај проекторот, и повеќе перфомашини. За задржување на синхроноста, сите тие треба да тргнат во ист момент и да ја движат лентата со иста брзина. За синхронизација на истовремениот старт на сите машини, нивното водење, запирање и враќање назад, се користи систем наречен синхростартер, кој, всушност, претставува заедничка “електрична оска” за сите машини. Тој систем се среќава под имињата Rotosyn, Interlock, Selsin итн. Подоцна, поради избегнување на гломазноста и бавноста во работата на овие стари системи, се користи импулсен генератор, мал уред што се прицврстува на оската од моторот на проекторот, кој дава импулси што ја управуваат брзината на перфомашините. Брзината на брзото премотување со импулсен генератор може да се зголеми и до 30 пати, што е важно за скратување на времето на работата, особено при настанување на некоја грешка и враќање назад.
Со развој на телевизијата, потребата од синхроност уште повеќе се потенцира. Се користеа филмските методи, но се бараа и нови начини, бидејќи, во меѓувреме, се појавија и машини за магнетен запис на видеото – магнетоскопи (VTR – Video Tape Recorder).

SMPTE/EBU timecode
Кај најновите системи за синхронизација се користи временскиот код (timecode), преземен од телевизијата. Во телевизијата тој се користи како информација што може да се запишува на магнетофонска или на магнетоскопска лента. Границите помеѓу аудиото и видеото денес стануваат сè помали, па timecode-от, кој се користеше речиси секаде во доменот на видеото, се пренесува и на аудиото. Timecode се користи нашироко во постпродукцијата за синхронизиација на машини, обезбедувајќи референци за местото на лентата во реално време. Тој се користи во монтажа на видеото и во монтажа на дигиталните аудиозаписи, како и во записите на хард диск за подготвување на монтажни листи и за синхронизација. Многу современи аналогни магнетофони располагаат со timecode, како и професионалните дигитални снимачи, при што некои од нив имаат и синхронизатори.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.