Рубрика: Физика
Тесла и неговите ривали
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2006.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Улогата на Никола Тесла во науката и денес побудува голем интерес во сите светски научни центри. По повод 150 год. од неговото раѓање, објавивме напис во ЕМИТЕР бр. 2/06 под наслов "Никола Тесла - пронаоѓач од соништата", но не е можно само во еден напис да се опфатат сите материјали поврзани со Теслината дејност. Во овој напис ќе ја дополниме сликата за Тесла со некои помалку познати детали од конфликтите на Тесла со неговите ривали, во врска со најекспонираните негови откритија, електричниот AC систем и радиоврските.

ТЕСЛА И ЕДИСОН

Секако дека едно од најголемите достигнувања во пронаоѓаштвото на Тесла е наизменичниот (AC) систем за напојување со електрична енергија, но малку е позната Теслината научна борба тој пронајдок да се сфати и да се примени во пракса. Имено, во тоа време беше во употреба еднонасочен (DC) електричен систем, чиј најголем лобист беше Теслиниот бивш работодавач Томас Алва Едисон, доминантен американски пронаоѓач во тоа време, кој котираше далеку повисоко од “Прометејот од Смиљане”, како што честопати го нарекувале Тесла. Меѓутоа, постоеше голема разлика во пронаоѓачката дарба помеѓу нив двајца, која најдобро ја опишал Хуго Гернсбек,  американски електроинженер, научен работник и уредник на научното списание “Electrical Experimenter”. Тој лично ги познавал и двајцата и еве го неговиот исказ: “Едисон заслужил вечна благодарност од општеството за својата колосална работа насочена кон усовршување на непрактичните замисли на другите, меѓутоа, зборувајќи строго, тој не беше пронаоѓач на нови принципи, еквивалентни на големите откритија на Тесла”...


Виза за Нијагара: Дел од Чикаго во 1893 год., осветлен со струја од Теслин AC електричен систем со вкупна инсталирана снага од 121 000 КС (89 000 kW) по повод Светската изложба која тогаш таму се одржуваше. Тогаш 27 милиони посетители на изложбата препознале дека AC системот е иднината во електрификацијата.  (заб. фотографијата е подобрена со ВИ)
...

ТЕСЛА И МАРКОНИ

Тесла беше, исто така, високо експониран и во сферата на радиобрановите. Тој ги удри темелите на радиокомуникациите, безжичниот пренос на енергија, телекомандите… далеку порано од кој и да било друг, т.е. уште во текот на 1892-93 година. Но што тоа вреди, кога тој немаше смисла за сопствен маркетинг, туку просто одеше од проект во проект. Тоа го искористил неговиот бивш асистент Гуљемо Маркони и на 26 април 1900 год. во Лондон пријавил “свој” патент за радиоврски...
...


Тесла во 1898 год. во својата експериментална станица во Њујорк Сити набљудува коло за индуцирање струја со напон од близу половина милион волти – намотката поставена пред него. (заб. фотографијата е подобрена со ВИ) 

ТЕСЛА И РЕНТГЕН

Теслините визии не биле сфатливи за неговите современици, така што многу негови идеи биле сметани за соништа и фантазии. Познато е дека тој во своите предавања ширум Америка и Европа, укажувал на постоење на таинствени зраци кои имаат својство да продираат низ непроѕирни предмети и интензивно експериментирал за откривање на истите, с# до “случајното” опожарување на неговата лабораторија во 1895 год...
...

 

ДАЛИ ПОСТОЈАТ ТЕСЛИНИ ТАЈНИ ОТКРИТИЈА?

Тесла имаше и други научни идеи и визии, за кои, слободно може да се каже, дека тогашната генерација не беше дорасната да ги сфати. Еден таков пример е радарот, кој својата полна примена ја достигнал дури во текот на Втората светска војна. Работата на радарот со опис на принципот за утврдување на локацијата и мерење на растојанието до некој брод, го дал Тесла уште во 1917 год., во списанието “Electrical Eksperimenter”. Но, дали некои од Теслините идеи и визии, се несфатливи и за денешните генерации, кога и денес сме сведоци на разни “шепотења” под превезот на тајност за Теслините “зраци на смртта”, потоа за “војна помеѓу ѕвездите” или за “непробоен заштитен ѕид” кој брани одреден простор од каква било агресија. Наместо тие Теслини визии да се подигнат на највисоко научно ниво и да се проба тие да се осветлат со докази (евентуално да се реализираат) или јасно да се негираат, сето тоа се завиткува во превезот на некакви таинствености. Како што стојат работите, таа задача ќе остане на идните генерации. 


Тесла во 1916 год. во својата канцеларија. На ѕидот се гледаат скици на уреди според  разни негови идеи. (заб. фотографијата е подобрена со ВИ) 

Никола Тесла умре сиромашен, но беше еден од најкорисните луѓе кои кога било живееле”, рече претседателот на општината Њујорк во својот говор преку радиобрановите простувајќи се од својот починат сограѓанин.

Клучни зборови:
Виза за Нијагара: Дел од Чикаго во 1893 год., осветлен со струја од Теслин AC електричен систем

Виза за Нијагара: Дел од Чикаго во 1893 год., осветлен со струја од Теслин AC електричен систем со вкупна инсталирана снага од 121 000 КС (89 000 kW) по повод Светската изложба која тогаш таму се одржуваше. Тогаш 27 милиони посетители на изложбата препознале дека AC системот е иднината во електрификацијата. (заб. фотографијата е подобрена со ВИ)

Тесла во 1898 год. во својата експериментална станица во Њујорк Сити

Тесла во 1898 год. во својата експериментална станица во Њујорк Сити набљудува коло за индуцирање струја со напон од близу половина милион волти – намотката поставена пред него. (заб. фотографијата е подобрена со ВИ)

Тесла во 1916 год. во својата канцеларија.

Тесла во 1916 год. во својата канцеларија. На ѕидот се гледаат скици на уреди според разни негови идеи. (заб. фотографијата е подобрена со ВИ)

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.