Рубрика: Информатика
Графички картички за восхит
Автор: Бранко Атанасовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2006.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Како да е некое непишано правило, или тоа е, сепак, законитост на пазарната економија, во светот на информатичката технологија, најчесто две големи компании водат битка за доминација во некоја област. Ако Интел и АМД се натпреваруваат во производството на процесори, тогаш во областа на производство на врвни графички картички, оваа борба ја водат компаниите ATI и nVIDIA. Двете компании се натпреваруваат во тоа кој ќе понуди на пазарот подобар чип за графичка картичка, која ќе успее да се наметне како најдобра. И како што обично се случува, натпреварот е променлив и непредвидлив. Од огромната палета на чипови за графички картички кои нудат врвни перформанси и квалитет, пред сé, на оние кои уживаат во добри компјутерски игри, од понудата на гигантите ќе ви претставам две графички картички кои моментално се меѓу најдобрите (не сакам да речам најдобри, бидејќи во светот на IT премногу бргу се менуваат работите). Тоа се BFG GeForce 7950 GX2 и Sapphire Radeon X1900 XTX Toxic.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.