Рубрика: Информатика
Графички картички – водич за избор и употреба
Автор: Марјан Ташевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Произведувачите на графички картички уште пред 10-ина години почнаа да ни кажуваат приказни дека тогашниот приказ на игрите е "како на филм". Наивните поверуваа и се фалеа низ маало дека Доом 1 на нивната 386-ка изгледа "скоро исто" како филм. Иако тогашниот приказ на игрите, гледан од денешен аспект, изгледа благо речено бедно, можеме слободно да кажеме дека денешните графички картички ја поминаа тинејџерската фаза и полека навлегоа во адолесценција. Игрите сè уште изгледаат "скоро како на филм" (но за разлика од пред десет години, сега навистина и така изгледаат), но од вистинскиот, филмски квалитет, не нè делат повеќе од 3-4 години.

Првичната замисла на овој тест беше класичен преглед на сите тестирани картички, подредени според поени, измерени во стандардните програми за тестирање. Откако тестовите беа завршени, на Интернет беше објавен еден многу сериозен скандал во врска со поените кои што ги прикажуваат картичките на NVIDIA. Имено, NVIDIA, со намерно менување на драјверите, добивала и до 25 отсто поголеми бројки во популарните програми за тестирање, што во превод би значело дека графичките картички на ATi, кои што веќе подолго време важат за најбрзи картички на пазарот, всушност се побрзи за многу повеќе отколку што до сега се мислеше. За корисниците на NVIDIA GeForce ова значи дека парите ги дале за измислени бројки. За идните корисници, ова значи дека сѐ додека не се најде решение на проблемот (3D Mark верзијата 003 тврди дека ги исправува овие грешки и дава реални резултати, но не се знае точно кои други програми за тестирање се цел на драјверите на NVIDIA) да размислат добро пред да купат нова картичка. Поради овие проблеми, NVIDIA ќе изгуби многу купувачи, тоа е сигурно, но многу поверојатно е дека ќе треба да им ги врати парите на досегашните незадоволни купувачи кои сметаат дека се излажани (а според реакциите на Интернет, ги има многу). Незадоволни се и произведувачите на игри. Имено, еден од челниците на Valve Software (издавачот на долго очекуваната Half Life 2) Gabe Newell, упати многу остри критики до NVIDIA, и на последната прес-конференција изјави дека Half Life 2 треба да доаѓа заедно со графички картички кои што ќе можат да го извадат максимумот од играта, т.е. со графичките картички на ATi. Со овој потег, NVIDIA практично ќе остане без еден од најголемите идни хитови на играчката индустрија. Слични најави има и од John Carmack, челникот на ID Software (Doom, Quake). Информацијата дека и големиот Microsoft во идната генерација на Xbox ќе вградува процесори на ATi (не е сигурно дали овој потег е поради наведените проблеми, но е многу веројатно) ја остава NVIDIA во многу незавидна позиција. Ете, уште еднаш се докажа старата народна дека на лагата ѝ се кратки нозете.

За нас пак, тестерите на компјутерски компоненти, ова претставува еден огромен проблем кога е во прашање крајниот одговор. Веруваме дека многу од читателите својот краен избор го темелат токму на бројките кои што ние ќе ги објавиме. Значи ние, кои што на некој начин имаме моќ да го креираме мислењето на купувачите, доаѓаме до една многу незавидна ситуација да не си веруваме на своите бројки. Затоа и овој напис, од еден класичен тест на графички картички, прерасна во “Водич за купување на графичка картичка” со табела во која се подредени графичките картички кои што можат да се купат кај нас, без некој посебен редослед. Сѐ додека овие проблеми не се решат, немаме никакво право да објавуваме бројки од измерените тестови.

За идните купувачи ова не значи дека не треба да купуваат картички базирани на GeForce процесорот, но сепак почекајте малку сето ова да заврши за да бидете сигурни за што навистина ги давате парите. Ние во редакцијата, во иднина, помеѓу картичка со исти перформанси (ATi или NVIDIA, сеедно) дефинитивно би ја избрале поевтината без разлика на сегашните проблеми со драјверите.

И едно прашање за крај. Дали сте апсолутно сигурни дека парите што сте ги дале за било која компонента вградена во вашиот компјутер, се дадени за вистинските бројки?

 

КОРИСНИ ЛИНКОВИ
Драјвери Програми Останато

АТi – www.ati.com (ако имате графичка картичка изработена од ATi притиснете на Made by ATi, ако имате графичка картичка изработена од друг произведувач, но со процесор на ATi притиснете на Powered by ATi)
NVIDIA – www.nvidia.com
Matrox – www.matrox.com
Pinnacle Systems – www.pinnaclesys.com
Xabre – www.xabre.com

NVMax – http://www.cybertechhelp.com/html/downloads/index.php
RivaTuner - http://www.guru3d.com/rivatuner
Rage3D - http://www.rage3d.com

Скандалот NVIDIA
http://www.the-inquirer.net/?article=9731
http://www.tomshardware.com/business/20030911/half-life-03.html

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.